Математичарот Алан Туринг, по чијашто заслуга за време на Втората светска војна се смета дека борбените дејствија траеле две години помалку, деновиве во Велика Британија доби кралска прошка 59 години по смртта, пишува “Гардијан”.”. Имено, гревот” на Туринг бил што е хомосексуалец, па бил обвинет за неморал откако признал дека е во врска со маж по што бил хемиски кастриран. Поради обвинението повеќе не можел да работи за државните служби, а поништени му се сите научни трудови, па е отпуштен. Две години подоцна извршил самоубиство, така што изел јаболко затруено со цијанид.
Инаку, Туринг за време на Втората светска војна имал клучна улога во тајниот проект на британската влада и се обидувал и успеал да го разоткрие тајниот код што го користела германската војска и со кој преку машината Енигма испраќала пораки, со што сојузниците ги знаеле сите планови на германската војска, а Туринг спасил илјадници животи.
Прошката од кралицата е вистинска почест за овој исклучителен научник”, рече министерот за правда Крис Грејлинг. Денес обвинението против Туринг би се сметало за дискриминациско и неправедно.
Извор: vecer.com.mk”. Имено, гревот” на Туринг бил што е хомосексуалец, па бил обвинет за неморал откако признал дека е во врска со маж по што бил хемиски кастриран.