Според обвинението, 31-годишната жртва била нападната од страна на 17-годишниот Николас Ајзак. Ова се случило на последниот ден од минатиот месец, некаде околу 5 часот наутро. Според информациите, немилиот настан се случил во Њујорк.Жената која наводно била силувана, замолила еден случаен минувач да и помогне, а тој тогаш рекол дека ќе и го направи истото – да ја силува.
Жената се враќала дома од еден бар, кога зад грб била нападната и соборена на земја. Потоа била силувана, а кога на друг маж му се обратила за помош, ја дочекала истата судбина. Овој пат со закана со оружје.
Двајцата мажи се обвинети и се смета дека заедно соработувале.
Но, пред Казнениот суд во Бруклин, еден од адвокатите на осомничените рекол дека обвиненијата за двократно силување во рок од еден час се „плод на фантазија“ и дека неговиот клиент го замениле со некој друг.
Жената која наводно била силувана, замолила еден случаен минувач да и помогне, а тој тогаш рекол дека ќе и го направи истото – да ја силува.



