Му се РАЗВИКАЛА на дете кое плачело во нејзиниот ресторан: Сега сите ѝ честитаат за тоа!

Дарла Нејгебауер е сопственичка на ресторан во Портланд. Таа се најде во центарот на вниманието откако почнала да му вика на едно двегодишно дете.Мајката на детето, Тара Карсон, го сподели своето искуство на Фејсбук и со тоа покрена расправа за тоа дали некој треба да му вика на детето на клиентот.
Од ресторанот искоментирале дека сѐ започнало кога семејството Карсон претера со количината на нарачани палачинки, а идниот ден изјавиле дека детето не престанало да вика повеќе од половина час и дека родителите требале да го исфрлат надвор.
„Срцето ми се скрши бидејќи не можев да ѝ помогнам. Не можам да поверувам дека постојат луѓе кои така реагираат на плач на дете“, рекла Тара Карсон.
„Удрив со рацете по маса и реков дека ова треба да престане. Погледнав кон неа и ѝ свикав. Во истиот момент престана да плаче“, изјавила сопственичката на ресторанот и додала дека не ѝ е жал што го направила тоа бидејќи го постигнала саканиот резултат – детето престанало да плаче.
Со тек на време, луѓето на социјалните мрежи ѝ давале сѐ поголема поддршка на сопственичката на ресторанот и го изразиле своето незадоволство со децата што врескаат по рестораните.
Мајката на детето, Тара Карсон, го сподели своето искуство на Фејсбук и со тоа покрена расправа за тоа дали некој треба да му вика на детето на кли

Пронајдете не на следниве мрежи: