-Во населените места ширум Кавадарци разговараме за политичката програма која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ на престојните парламентарни избори. Програмата „реално“ е сеопфатна политичка програма која е фокусирана на секоја област која е од апсолутно значење и интерес на граѓаните, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.-Програмата е со име „Реално“ бидејќи сите тие проекти се со конкретен буџет, со конкретни мерки и определени институции кои ги реализираат истите. Тоа значи дека политичката програма е реална и програма насочена во интерес на секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Граѓаните кажуваат одредени појави кои што ги имаат во нивните населени места, дали има потреба од подобрување на инфрастуктурни промени, од аспект што можеме да направиме во земјоделскиот сектор кои што е од големо значење за овој регион на нашата земја и тука сме ние аспсолутно фокусирани.
Тој вели и дека во оваа програма има и неколку проекти со посебен акцент на развојот на руралните средини, а од политичка гледна точка со граѓаните се разговарало и за тоа каква Македонија навистина сакаат тие.
-Унитарна Македонија, заштита на уставниот поредок на нашата земја, земја која што е обединета во своите различности, но сепак е насочена кон оние стратешки приоритети кои што ги имаме. Ние не можеме да дозволиме да имаме двојазичност во оваа земја и граѓаните стојат цврсто позади тој став на ВМРО-ДПМНЕ. Сметаме дека преку овој дискурс кои што го имаме со граѓаните на Македонија ќе произлезат и понатаму и многу нови идеи кои ќе може да се имплементираат. Веруваме дека тие целосно ќе ја донесат целата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември, за 63 пратеници за стабилна просперитетна и унитарна Македонија.-Програмата е со име „Реално“ бидејќи сите тие проекти се со конкретен буџет, со конкретни мерки и определени институции кои ги р