Денес граѓаните на општина Берово праќаат уште една силна порака до цела Македонија како што праќаат сите граѓани од сите места каде што ги посетуваме, а тоа е дека тие стојат позади силна Македонија и позади ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија која што секогаш опфаќа сеопфатна програма, базирана на конкретни дела и проекти, вели Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.-ВМРО-ДПМНЕ се бори за да се подобри општата состојба во Република Македонија во многу области од инфрастуктура, економијата, културата, проекти за млади и сето тоа го работиме бидејќи сметаме дека Република Македонија заслужува една чесна политичка понуда, која што е докажана со многу отчети и со реализација на илјадници проекти. Продолжуваме со овој тренд на работење, ВМРО-ДПМНЕ била политичка партија која што од секогаш ги штитела стратешките национални интереси на оваа земја која што многу ја сакаме и за која што се бориме искрено и чесно и ќе продолжиме на овој тренд на постојано работење и постојано решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочува Република Македонија, истакна Муцунски.
Тој посочи и дека цврсто е убеден дека евроатланскиот пат е тоа што го заслужува нашата земја, сите наши проекти се во таа насока и се бориме за секој проект што е од најлокално ниво на најнационално ниво.
-Работиме силно и уверено за Република Македонија и уверени сме дека граѓаните на оваа партија ќе разберат дека ние ја штитиме унитарноста и дека ние заслужуваме 63 пратеници и токму тоа го очекуваме на 11 декември и за разлика од деструктивноста на главната опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ нуди програма базирана на конкретни дела и проекти, потенцираше Муцунски.-ВМРО-ДПМНЕ се бори за да се подобри општата состојба во Република Македонија во многу области од инфрастуктура, економијата, културата, проекти за