Муџахедин на ИСИС: Со божја волја ќе ги убиеме сите неверници

Изјавите на припадниците на Исламската држава кои го напуштиле фронтот и се вратиле во своите домови, се поклопуваат во ставот дека воздушните напади на САД се тривијални.- Веќе извесно време се подготвуваме за нападите. Знаевме дека нашите позиции им се познати на САД, па ги заменивме локациите и ја сокривме опремата во цивилните подрачја или под земја, вели поранешниот припадник на ИСИЛ, Абу Талха (28), во интервју за CNN.
Тој додаде дека нападите врз изворите на нафта во Сирија се бескорисни.
– Нашите финансии нема да сопрат со уништување на неколку нафтени постројки. Мислат дека знаат сѐ, но со божја волја ќе ги убиеме сите неверници, вели овој муџахедин.
Дури и коалициските сили нема да ја сопрат ИСИЛ да изгради утврдување на подрачјето на Ирак и на Сирија.
– Не можат да ги сопрат нашите борци, рече Талха. Тој го користи овој псевдоним откако се врати во својата земја, а од напуштањето на ИСИС живее во константен страв од одмазда на поранешните соборци.
Абу Омар, кој исто така е муџахедин кој ги напушти редовите на ИСИС, тврди дека организацијата најмногу се потпира на поддршката од муџахедините кои доаѓаат токму од Западот.
– Французите се полоши од нас. Се однесуваат како да се дел од калифатот од секогаш, рече тој. Омар рече дека бруталноста на ИСИС стана преголема за него, па ја искористил првата можност за бегство. 
– Бев сведок на убиство на 70-годишен шеик кој брутално беше убиен пред моите очи. Во борбите се приклучуваат многу деца на 14 и 15-годишна возраст. Можеби кога ќе ме чујат, ќе почнат да размислуваат за тоа што го прават, заклучи Абу Омар.- Веќе извесно време се подготвуваме за нападите. Знаевме дека нашите позиции им се познати на САД, па ги заменивме локациите и ја сокривме опремат

Пронајдете не на следниве мрежи: