Мудриот одговор на еден обичен човек

Еден човек отишол на бербер и решил да се потстриже и избричи. Како што почнал берберот да работи, почнале и да разговараат.Разговарале тој и муштеријата за најразлични теми, а на крајот стигнале до темата „Бог“.
Берберот рекол: – Јас не верувам дека Бог постои.
– Зошто велите така? – го прашал муштеријата.
Знаете, доволно е да излезете на улица и да сфатите дека Бог не постои. Кажете ми, ако Бог постои, дали би имало толку болни луѓе? Дали би имало толку напуштени деца? Ако Бог постои, не би имало ни страдање, ни болка. Не можам да замислам Бог кој би го дозволил сето ова – рекол берберот разочарано.
Муштеријата се помислил за момент, но не одговорил ништо, оставајќи го берберот да ја заврши својата работа. Кога му платил, излегол од салонот и на улицата здогледал човек со долга, неисчешлана и валкана коса и неизбричена брада. Се вратил во салонот и му рекол на берберот:

 
– Знаете што? Бербери не постојат.
– Како можете да го кажете тоа? – прашал изненадено берберот.
– Јас сум тука, и јас сум бербер, и само што ве потстрижив и избричив Вас!
– Не! – рекол муштеријата.
– Бербери не постојат, зошто ако постоеја, не би имало луѓе со валкана долга коса и неизбричена брада, како овој човек на улицава.
– Ах, но берберите сепак постојат. Тие работи се случуваат зошто луѓето не доаѓаат кај мене.
– Точно! – потврдил муштеријата. – Токму така!
– Бог, исто така, постои! Лошите работи се случуваат зошто луѓето не одат кај НЕГО и не бараат НЕГОВА помош… Затоа и постојат толку страдања и болки во светот.Разговарале тој и муштеријата за најразлични теми, а на крајот стигнале до темата „Бог“.
Берберот рекол: – Јас не верувам дека

Пронајдете не на следниве мрежи: