Џејмс К. Фланаган, книжевник од Њујорк, им оставил на внуците трогателно писмo во кои напишал совети и лекции кои ги стекнал за време на своето долгогодишно животно искуство.Најмладото внуче на овој прекрасен дедо има 5, а најстарото 11 години. Но, советите се однесуваат на нивните животи. За жал, дедото починал од срцев удар, а писмото било објавено со дозвола на неговата ќерка Рејчел Крејтон.
Драги мои Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Мери Кетрин, Мојата мудра ќерка Рејчел побара да ви напишам некои совети и важни нешта кои ги научив за животот. Го започнувам ова на 8. април 2012, точно на мојот 72-ри роденден. Секој од вас е прекрасен Божји дар за вашето семејство, како и за целиот свет. Секогаш присетувајте се на тоа, особено кога ќе бидете обесхрабрени.
Не плашете се од никого и ништо кога станува збор за тоа да го живеете својот живот до максимумот.
Премногу луѓе на овој свет не го прават тоа што го сакаат или што би требало да го прават, бидејќи замислуваат што би кажале или би помислиле другите за нив. Запомнете, ако не ви носат топла супа кога сте болни или не застануваат крај вас кога сте во неволја, тогаш тие не се битни за вас!
Избегнувајте ги песимистите со огорчена душа кога ќе ги ислушаат вашите соништа велат: „Да, но што ако….“. По ѓаволите со „што ако…“. Направете го тоа!
Најлошото нешто во животот е да погледнете наназад и да си кажете нешта како: „можев да…; требаше….“. Ризикувајте, правете грешки!
Секој на овој свет е обична личност. Некои луѓе можеби носат отмени шапки, имаат некакви титули или поседуваат моќ и сакаат да мислат дека се нешто над другите. Не им верувајте. И тие ги имаат истите сомнежи, стравови и надежи; тие јадат, спијат и прдат како и сите други!
Секогаш доведувајте ги авторитетите цо прашање, но бидете мудри и внимавајте на кој начин го правите тоа!
Направете листа на сите нешта што сакате да ги направите во животот. Направете ја листата долга и секоја година спроведете на дело некои нешта од неа. Не велете „Ќе го направам тоа утре“ (или следниот месец или следната година). Тоа е најсигурниот начин да доживеете неуспех во нешто. Нема никакво утре и нема друго „вистинско“ време да се почне нешто од сега!
Практикувајте ја ирската поговорка: Moi an olge agus tiocfaidh sí – „Фалете го детето и тоа ќе цути“. Бидете милозливи и помагајте им на другите луѓе –особено на слабите, оние кои стравуваат и на децата.
Не приклучувајте се во ниедна воена или било каква друга организација која ќе ве обучува да убивате. Сите војни се започнуваат од стари луѓе кои ќе ги присилат или излажат младите да се мразат и убиваат едни со други. Старите ќе преживеат, бидејќи тие војната ја започнуваат со пенкало и хартија, а на ист начин ја завршуваат. Ако војните се толку добри и благодородни, зошто тогаш самите тие водачи кои ги започнуваат не застанат во првите редови?
Читајте книги, колку повеќе можете. Тие се прекрасен извор на задоволство, мудрост и инспирација. На нив не им се потребни ни батерии, ни врски и можете секаде да ги понесете.
Љубете да ја кажувате вистината.
Пазете се од прифаќањето на некоја работа само заради парите – тоа ќе ви ја осакати душата.
Не викајте. Тоа не вродува со плод и ве повредува и вас и другите. Секогаш кога сум се развикал, сум доживеал неуспех.
Секогаш ветувајте им на децата. Не велете „ќе видиме“ кога мислите „не“. Децата ја очекуваат вистината; дајте им ја со љубов и љубезност. Никогаш на никого не велете дека го сакате ако не го чувствувате тоа.
Живејте во хармонија со природата; излегувајте надвор, во шума, на планина, на море, во пустина. Тоа е од големо значење за вашата душа.
Гушкајте ги луѓето кои ги сакате. Кажувајте им колку ви значат, сега – не чекајте да биде предоцна.Најмладото внуче на овој прекрасен дедо има 5, а најстарото 11 години. Но, советите се однесуваат на нивните животи. За жал, дедото починал од срце


