Мухамед Зекири, висок функционер во опозициската СДСМ, деновиве престојувал на Косово каде се сретнал со лица од криминалното подземје на Косово, а кои поради нивните криминални и насилни активности и се познати и на македонската јавност.-Во Генерал Јанковиќ Зекири имал средба со косовските државјани Халил Љури, Самиај Ремзи- Мија, Вила Бурим, Шити Нусрет и Шити Емин, сите со дебели криминални досиеја, припадници на криминални екстремни и терористички групации, предизвикувачи на изборни инциденти во повеќе изборни циклуси во Македонија, објави Република.
Зекири не негира дека оваа средба се случила, напротив со својот Фејсбук статус ги потври информациите дека бил на оваа средба и дека е фотографиран на истата.
-Обидите на режимските портали на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за моја дискредитација и фактот што сум следен на секој чекор и ме фотографираат каде и да се движам покажува само во каква паника и параноја се политичките противници.Македонија и нејзините граѓани ќе дишат слободно, на криминалците и режимот им доаѓа КРАЈОТ!!!
Халит Љури е извршител на повеќе кривични дела како разбојништво, насилство и други дела , Самиј Ремзи – Мија неодамна излегол од затвор во Косово, каде лежел заради разбојништво и убиство, додека Шити Нусрет и Емин се роднини на Шити Рамадан, убиен како припадник на терористичка група во село Бродец во полициската операција „Планинска бура“.
Се поставува прашањето, дали средбата на новопечениот висок функционер на СДСМ е во функција на ангажирање на овие криминалци и насилници од опозициската партија во предизборниот период за притисоци и заплашување на албанскиот електорат или нивно ангажирање за предизвикување посериозни инциденти од типот на кумановско Диво насеље, со цел дестабилизација и евентуално одложување на изборите од кои СДСМ сака по секоја цена да избега?
Дали токму ваквите задачи се причината зошто Зекири влезе во СДСМ, наместо во Беса, партнерите на СДСМ, кои му се идеолошки поблиски? Дали Зекири го информирал генералниот секретар на СДСМ при посетата во МВР за средбата со овие лица од криминалното косовско подземје?-Во Генерал Јанковиќ Зекири имал средба со косовските државјани Халил Љури, Самиај Ремзи- Мија, Вила Бурим, Шити Нусрет и Шити Емин, сите со дебели