Предлог Буџетот за 2017 влезе во собраниска процедура. Новиот Буџет ќе биде во интерес на граѓаните бидејќи не се загрозени платите во администрацијата, пензиите, ниту субвенциите за земјоделците, а дополнително ќе има средства за развој на стопанството и македонската економија, информира денеска пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.– Добро е што пред Собранието да се распушти во оние законски утврдени рокови пред новите избори кои што ни следуваат државата да функционира со нов Буџет. За нас овој Буџет е развоен и предвидува раст на бруто – домашниот производ од 3 отсто во услови кога во најразвијните земји во еврозоната како на пример Германија, БДП не надминува 1,7 или 1,8 отсто. Од друга страна со новиот Буџет предвидуваме и намалување на буџетскиот дефицит на 3 отсто, рече Мукоски.
Со тоа, нагласи, сакаме да постигнеме финансиска консолидација дополнета со намалување на јавната потрошувачка за сметка на зголемување на капиталните инвестиции што би требало да дава дополнителна додадена вредност и дополнителен раст на македонската економија.
– Инфлацијата исто така ќе биде на ниско ниво со мал пораст од 1 отсто што би требало да даде дополнителен ветер во грб на македонската економија во нејзиниот развој. Повторно се планира дополнително да се намалува трговскиот дефицит односно да се зголемува извозот на сметка на увозот. Планираме во 2017 година растот на вработеноста да се зголеми за 1,8 отсто и да има раст на капиталните инвестиции кои се проектирани на ниво од 26 милијарди и 954 милиони денари, а особено да се даде предзнак на вложување во патната и железничката инфраструктура што ќе биде дополнителен фактор за развој на македонската економија, прецизира Мукоски.
Додаде дека се предвидува во 2017 година да се зголеми индустриското производство, странските инвестиции да бидат реализирани со што ќе се помогне на домашното стопанство и ќе се намали невработеноста.
– Со реализација на овој Буџет планираме Република Македонија да остане се уште умерено или ниско задолжена земја виза ви земјите во еврозоната и во светот, потенцира Мукоски.– Добро е што пред Собранието да се распушти во оние законски утврдени рокови пред новите избори кои што ни следуваат државата да функционира