Македонските ракометари со 34:30 го победија Тунис во воведниот меч од СП во Франција.
Македонската ракометна репрезентација стартуваше со победа на Светското првенство во Франција. Избраниците на тренерот Лино Червар, во првото коло од Б – група го совладаа Тунис со 34:30. Со оваа победа „црвено – жолтите“ му го наплатија долгот на Тунис за поразот во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Македонија одлично го отвори натпреврот, поведе со 2:0, но Тунис со серија од 3:0, го презеде водството на 2:3. Но, не успеа да се одлепи, бидејќи „црвено – жолтите” веднаш израмнија и го одржуваа резултатот во егал, се до 18. минута кога поведоа со два гола разлика 9:7. Сепак до крајот на првиот дел Тунис не само што успеа да израмни, туку и поведе и да ја задржи минималната предност од еден гол до крајот на полувремето 13:14.
На стартот од вториот дел Тунис се одлепи на четири гола разлика 16:20, а избраниците на тренерот Лино Червар успеаја да израмнат во 46. минута на 25:25. Од овој момент па се до 52. минута се играше гол за гол, по што Македонија преку Манасков поведе со 29:28. На три минути до крајот од натпреварот Македонија комплетно го сврте резелтатот, направи четири гола предност 33:29, по што беше јасно дека ќе ги прокнижи првите бодови во групната фаза на шампионатот.
Најефикасен во македонскиот тим беше капитенот Кирил Лазаров со 12 гола, Стоилов постигна 7, а Манасков шест пати ја затресе противничката мрежа.Македонската ракометна репрезентација стартуваше со победа на Светското првенство во Франција. Избраниците на тренерот Лино Червар, во првото коло