Најголемиот светски реосигурител Munich Re објави во вторникот дека очекува стабилно работење и резултати во оваа година, откако нето добивката во 2012 година му е зголемена за повеќе од четирикратно.„Иако економскиот раст во многу развиени држави ќе биде побавен поради консолидацијата на државните финансии и високата невработеност и натаму сме оптимистични во поглед на нашето работење“, рече извршниот директор Николаус вон Бомхард.Компанијата предвидува дека во 2013 година ќе оствари нето добивка од три милијарди евра.Претходно во минатиот месец Munich Re објави дека во изминатата година нето добивката скокнала на 3,211 милијарди евра, од 711 милиони евра добивка остварена во 2011 година.Оперативната добивка на компанијата исто така е зголемена за повеќе од четири пати на 5,35 милијарди евра, од 1,18 милијарди евра во 2011 година. Бруто приходот од премии е зголемен за 5,1 отсто на 52 милијарди евра.Главен причинител за остриот раст на добивката се ниските загуби од природни катастрофи во претходната година, во износ од 1,3 милијарди евра. Ураганот Sandy беше најголема елементарна непогода која групата ја чинеше околу 800 милиони долари пред оданочување.Во 2011 година поради природните катастрофи загубите изнесува дури 4,5 милијарди евра со оглед на земјотресот и цунамито во Јапонија, земјотресот на Нов Зеланд и поплавите на Тајланд.Компанијата во 2013 година очекува бруто приходите од премии да изнесуваат помеѓу 50 и 52 милијарди евра, под претпоставка за стабилни валутни курсеви.
Mакфакс Најголемиот светски реосигурител Munich Re објави во вторникот дека очекува стабилно работење и резултати