Екипата на Реал Мадрид во наредниот период ќе има на располагање само три централни бекови, Мурињо им се налути на своите два дефанзивци кои ја оставија екипата на цедило.
Жозе Мурињо остана без двајцата стандардни централни бекови, Пепе и Рамос, во наредните две ипол недели.
Следните пет натпревари португалскиот тренер ќе мора да импровизира на нивните позиции.
Серхио Рамос без срам упати пцовки кон тренерот на претходниот натпревар во Купот и поради тоа доби забрана во траење од 5 натпревари, што Мурињо никако не можеше да му го опрости, иако тренерот на оваа екипа смета дека судијата на тој натпревар со своите постапки неверојатно ги иритирал неговите играчи.
Сепак, Мурињо смета дека тоа не го оправдува потегот на Мурињо.
Да работата биде уште по-комплицирана, шпанските медиуми пренесуваат дека Пепе благодарение на своето неодговорно однесување и одложување на операцијата на која неодамна требаше да оди додатно го налутил португалскиот тренер и го довел во незавидна ситуација пред продолжението од сезоната.
Реал Мадрид веќе треба да надополни шеснаесет бодови заостанување зад Барселона во лигата а имаат дуел со екипата на Валенсија во Купот.Екипата на Реал Мадрид во наредниот период ќе има на располагање само три централни бекови, Мурињо им се налути на сво