Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, објави радиото „Kadena SER“.Истиот извор наведе дека португалскиот тренер и раководството на клубот прекинот на соработката го договориле уште пред 70 денови.Според ова, Мурињо ќе го предводи Реал на уште 11 натпревари во домашното првенство, на финалниот меч во Купот на Кралот, како и во Лигата на шампиони.„Kadena SER“ тврди дека Португалецот е подготвен да потпише договор со некоја друга екипа.Изминатите месеци се шпекулираше дека Мурињо ќе се врати во Англија, најверојатно во Челзи, каде работеше четири години (2003-2007).Мурињо со Челзи не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампиони, но затоа во елитното натпреварување триумфираше со Порто (2004) и Интер (2010).
Макфакс Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, објави радиото &bd