МУСАКА ОД БЕЛО МЕСО: Комбинација од пилешко, шампињони и бешамел сос

Комбинација од пилешко, шампињони и бешамел сосПотребни состојки:
– 500гр пилешко филе
– 400гр свежи печурки
За бешамел сос:
– 30гр путер
– 1,5 лажица брашно
– 300мл млеко
– 100гр кисела павлака
-150гр кашкавал
Начин на подготовка:

 
Начин на подготовка:
Месото исечете го на тенки шницли, па исчукајте ги со толчник за месо и ставете сол. Секоја шницла пржете ја на малку масло, колку да добие боја, па извадете ги и во истото масло издинстајте ги печурките. Направете бешамел сос така што ќе го истопите путерот, во него ќе го пропржите брашното, ќе додадете млеко и кога ќе почне да врие ќе ја додадете и киселата павлака.
Ватросталниот сад ќе го намачкате со маргарин и ќе го попрскате со презла, а потоа ќе редите еден ред бело месо, еден ред печурки, па бешамел сос. Повторете уште еден ред, па одозгора изрендајте кашкавал и ставете го во рерна да се запече двасетина минути на умерена температура.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, диети, начин на здрава исхрана и здрав живот, можете да најдете на следниот ЛИНКПотребни состојки:
– 500гр пилешко филе
– 400гр свежи печурки
За бешамел сос:
– 3

Пронајдете не на следниве мрежи: