Во селото Осредак во близина на Ќазин во Босна и Херцеговина, пред војната сложно живееле Бошњаци и Срби.Со тек на време, сите жители од српска националност се раселиле, а зад себе ја оставиле една старата црква и гробишта, кои со годините изгледале сѐ полошо, а верскиот објект почнал и да се распаѓа. Во последниве години, црквата и гробиштата ги одржува муслиманското семејство Керановиќ.
Масуд, неговата сопруга и синовите во последниве години го користат секој слободен момент за обнова на црквата.
– На црквата почнавме да работиме и да ја реновираме пред четири години. Беше во фаза пред рушење, а ако не се започнеше со реставрација, до сега веќе ќе беше срушена. Потоа почнавме со чистење, поправка на ѕидови, вели Масуд Керановиќ.
Тој порано работел градежништвото, па има искуство во ова поле, но вели дека желбата да ја обнови оваа црква го охрабрило да научи некои нови работи, кои претходно не ги знаел.
– Живеам тука повеќе од 40 години, а едно време бевме заедно со моите пријатели, пред сето зло што се случи, војната и сето тоа што нѐ снајде. Тие не се повеќе тука, но доаѓаат, разговараме… А зад нас стојат урнатините, но тоа се уште е нивно свето место. Затоа не можев да го оставам така, продолжува Масуд.
Другите жители на селото не биле воодушевени од идејата, па така на Масуд му помагале само синовите и сопругата. Синовите студирале архитектура, па на нивниот татко му давале идеи.
-На почетокот имаше многу физичка работа и беше тешко. Сега еве може да кажеме дека привршуваме и едвај чекам како ќе излезе финалниот изглед, завршува Масуд.
Една од поранешните сосетки на ова семејство, Радмила, која сега живее во Белград, вели дека го поддржува проектот на Керановиќ и собира донации за да им помогне во обновата.Со тек на време, сите жители од српска националност се раселиле, а зад себе ја оставиле една старата црква и гробишта, кои со годините изгледале сѐ