Муслиу повикува на Трета балканска војна- ќе горат Србија, Македонија, Грција и Црна Гора

Тој повикува на трета балканска војна. Муслиу за ова мора да одговара. Ова е продолжение на она што го направи Еди Рама, што го продолжи Хашим Тачи, тоа е повик на трета балканска војна за создавање на голема Албанија. Оној кој мисли дека војната ќе се води само на територија на Србија заборава дека голема Албанија се протега и на Македонија и на Грција и на Црна ГораПретседателот на Собранието на општина Бујановац, Јонуз Муслиу продолжува со провокации и тврди дека премиерот на Албанија, Еди Рама им ветил дека Прешевска долина ќе биде припоена кон Косово и Албанија. Тој тврди дека Албанците на југот на Србија имаат поддршка од Рама за уривање на уставниот поредок на Србија и дека зад сето тоа се крие проектот на создавање на голема Албанија. ­
Зад проектот голема Албанија стои лично албанскиот премиер Еди Рама! За соединување на Албанија и Косово заедно со Прешево, Медвеѓа и Бујановац добивме поддршка од Рама, официјална Тирана, косовскиот претседател Хашим Тачи и нашиот народ. Рама тоа ни го ветил, тој е нашиот премиер, вели Муслиу, кој инаку е претседател на националниот совет на Албанците. На прашањето дали е свесен за последиците од вакви изјави на регионот, Муслиу продолжува да провоцира: ­
Прешевската долина беше дел од Косово. Србите и Белград тоа мора да го сфатат и да знаат дека тоа ни припаѓа нам и тука веќе нема враќање. Треба да ни бидете благодарни што не го бараме и Ниш. Се до Ниш е наше. А што се однесува до Белград, тој не не интересира. И мене не ме плаќа Србија туку Албанците бидејќи во овој дел данокот се зема од Албанците, заклучи Муслиу, пишува Интермагазин.рс Министерот за вработување, Александар Вулин предупреди во Бујановац за уривање на уставниот поредок и територијалниот интегритет на Србија ­
Тој повикува на трета балканска војна. Муслиу за ова мора да одговара. Ова е продолжение на она што го направи Еди Рама, што го продолжи Хашим Тачи, тоа е повик на трета балканска војна за создавање на голема Албанија, изјави министерот Вулин и додаде: Оној кој мисли дека војната ќе се води само на територија на Србија заборава дека голема Албанија се протега и на Македонија и на Грција и на Црна Гора. Никогаш ниедна балканска војна не се водела на територија на само една земја и затоа НАТО треба да ја смири својата членка Албанија. Ние немаме ниедна детска глава за фрлање.,
Албанскиот премиер Еди Рама неодамна изјави дека доколку перспективата за членство на Западниот Балкан во ЕУ продолжи да избледува не може да се исклучи обединување на Албанија и Косово. Веднаш потоа косовскиот претседател Хашим Тачи и се закани на ЕУ дека доколку ја затвори вратата за Косово тогаш сите Албанци во регионот ќе живеат во една единствена држава ­ голема Албанија, пишува Интермагазин.рс
Поранешниот началник на ВБА, Момир Стојановиќ тврди дека ОВК до ден­денес не е разоружан, но дека Приштина нема сериозно вооружување.
­ Косовскиот заштитен корпус има околу 3.000 луѓе и тие имаат лесно оружје. Што се однесува до авијацијата имаат застарени авиони МИГ21, некаде околу 16 парчиња. Немаат никаква противвоздушна одбрана и имаат кинеско пешадиско вооружување. Во меѓувреме, нешто од тоа оружје им стаса од Турција така што доколку не им стигне помош од страна со ова што го имаат не би можеле ништо посебно воено да направат. Од друга страна, нивна најголема предност е во военоспособно население, во однос на вкупниот број на жители бидејќи имаат голем процент на млади Албанци, вели Стојановиќ.Претседателот на Собранието на општина Бујановац, Јонуз Муслиу продолжува со провокации и тврди дека премиерот на Албанија, Еди Рама им ветил дека

Пронајдете не на следниве мрежи: