Мувата ЗЗ

Одамна се откажав драги мои да барам логика во изјавите на мувата Зоти Заев ( во понатамошниот дел од текстот мувата ЗЗ ). Едноставно човекот е решен при секој свој настап да го искривува време/простор континуумот, да се бори против физичките закони претежно центрифугалната сила, да форсира метафизичка релативна математика и да си говори за себе во трето лице…Тука помош нема а и разумот не помага. И сето ова ќе беше ОК и никој немаше ниту да го примети постоењето на овој трагикомичен ум, да истиот не беше политички шарлатан ставен во претседателското столче на СДСМ од како го заслуши греејќи го две години за неговиот лидер ПАПАТА кој беше службено одсутен но реално присутен во партијата за време на неговиот мандат како претседател на Македонија.
Мувата ЗЗ го пратиле на прошетка до Швајцарија. Некој му рекол да ја види идејата која ја промовира на лице место, како функционира во хармонија. И отиде, виде и вети. Многу било убаво кантонизација, двојазичност и Алпите. Дали го видел циришко езеро не знам – но би се кладел дека да. Видел се прошетал и како секоја досадна мува си проѕунѕал нешто таму, дел од планот за Македонија а тоа е…. вејт фор ит, вејт фор ит….. ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Мислите ќе спорам?
Мислите ли дека ќе барам причини зошто Мувата ЗЗ го проѕунѕала ова нешто на трибина спонзорирана од албанска дијаспора? Нели нема потреба? Нели е јасно веќе? Па еве и релативизаторите реагираа промптно по социјалните мрежи. Сезнајните експерти од сите факинг области веќе ви објаснија дека тоа не било ништо страшно и дека сме живееле 5 години во двојазичност?!?!
Според овие месии на модерниот либерализам и напредната мисла, Мувата ЗЗ само ни ја соопштува реалноста во која живееме. Ако ги потпрашате – Чуму промена на устав за нешто кое веќе го живееме? – ќе ви закачат по некој од редовните украсни епитети, небањат, глупав, жмроња…. После следува комфортинг фазата дека тоа не е ништо страшно, ене види ја Швајцарија, Америка….
Тоа ќе ни помогне да се концентрираме на економии, пари, бизнис, кога конечно нашите соседи Албанци ќе го имаат и ова заслужено право ( нема да го спомнам Албанчето со виолина во Прилеп ) и конечно ќе завладее либерален мир и слога и ќе можеме да го попушиме лулето на националното помирување и да станеме сите поново граџани…. Чекај чекај, граѓански концепт со засилување на национални права и привилегии? Ова не може да биде заедно во иста реченица нели? Па нели граѓанскиот концепт е всушност едно периферизирање на правата на одделните групи заради добивање повисок стандард за општеството како клетка на социјалниот живот и комуникација ( забегав малку а? ).
Ај малку по едноставно, нели граѓанските права се ниво погоре од националните и засилувањето на етничкиот концепт значи назадување на тоа поле? Нејсе, кој ќе ги разбере интернет експертите. Мојата мисија е да ви објаснам вам почитувани граѓани и граѓанки и ванаби варијанти од истите. Затоа и ќе се обратам директно до вас. Мене мотивите на Мувата ЗЗ ми се кристално јасни, неговите брмчења да не беа опасни ќе беа смешни. Јасни ми се и соросовите експертутки и оние онлајн, и оние по телевизиите, радијата, весниците. Сите тие имаат агенда напишана од за јавноста мистериозна рака со многу познат ракопис и се платени или имаат некоја материјална корист за да ве натераат вас, обичните, секојдневни луѓе да верувате дека она што се нуди на чинија а кое се вика концепт на етнички права и излегување од крвавата рамка на рамковниот договор е добро, веќе егзистира во реалноста само тоа некој од вас го затскрива и ќе донесе само и само напредок и просперитет.
Ајде да провериме, ајде да размислуваме на глас, искрено, без предрасуди. Албанците, нашите драги соседи чие национално либидо треба да се засили со мерките на Мувата ЗЗ и неговиот туристички излез вон рамките на рамката, (WTF?) се истите оние кои го БОЈКОТИРАА РЕФЕРЕНДУМОТ за независна и самостојна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Добро прочитавте, го бојкотираа. И не само тоа. На „природно албанските“ територии се одвиваше друг референдум, ЗА ИЛИРИДА, за отцепување на делови од Македонија и нивно припојување со матичната Албанија. Не е баш некој пример за претерана желба за соживот нели? Возрасните ова го знаат но денешните тинејџери и урбани ликови до 25 години тогаш биле бебиња или само талкачки сперматозоиди.
Лош почеток на соживотот но секако од кога толерантните либерали а и цел толерантен македонски народ им го прости ова лудо и непромислено ситно нешто – сигурно Албанците сфатија дека сакаме да живееме со нив и од тогаш почнавме да се концентрираме на економски прашања? Секако дека не. На ред дојде знамето. Нашите соседи и пријатели Албанци посакаа национално знаме, да го користат како маркер за нивното учество во соживотот во Македонија, како столб на нивната национална идентификација. И ние грдите фантомски Македонци рековме, пеки, може, дајте предлог.
Предлогот беше државното знаме на соседна АЛБАНИЈА да се протне како национално. Нели тоа значи екстериторијалност? Нели веење на знаме на друга држава значи освоена територија? Ги замоливме да стават некој нишан, не многу, жолт раб на краевите, нешто ситно неприметно што би го разликувало националното знаме на албанците во Македонија од државното на Албанија. Нашите соседи и сопатници во авантурата наречена соживот одбија. Или тоа или… знаете веќе што, она што не му го спомнуваме името. И повторно грдите репресирачки Македонци рекоа ајде, ОК, уште ова па економија, процут, живеачка…
Арно ама – на ред дојде образованието. Она високото. Барањето беше подобрување на можноста за студирање на Албанците на државните универзитети. И добија позитивна дискриминација ( мене ми требаат 90 бода за упис на албанец 50 ), настава во енклави строго и исклучиво на Албански јазик ( така ќе сме се доближеле?!?!?! WTF? ). Ајде, и тоа помина. Ваљда сега ќе почнеме заеднички на економски, граџански прашања – си мислеа глупавите, небањати соживотџии Македонци. Ама не – или универзитет 100% финансиран од државата, 100% на Албански со 100% Албански професори ( знаете веќе, за да се зближиме и запознаеме подобро нели, соживот преку изолација во образовна енклава ) или…. Знаете што веќе.
И уште еднаш глупавиот и грд националистички, фашизоиден Македонец рече ајде ОК? Сега? Економија? Ма какви – сега малку тејст од она „или“ шо ни виси како дамоклов меч од осамостојувањето до денес – ВОЈНА РОЏАЦИ. Со сите марифети, со пукање со жртви, со се. И додека тела на Македонски војници гореа, (буквално) во Вејце, а сликите од јагленисаните тела кружеа по медиумите, додека се врзуваа келнери од кафеана за столбот на истата (цивили) и се дигаа живи во воздух со динамит ( да да, со ДИНАМИТ, луѓе врзани за столб, келнери во кафеана ) додека гореа деца во Карпалак, чекавме реакција од интелектуалците Албанци дека дури и во војна, ова не е во ред, да оставиш човек запален со бензин да гори до смрт, да дигнеш човек кој дошол на работа да служи плескавици во воздух со динамит….
Чекавме тие што се образуваа, вееја знамиња на туѓи држави и промовираа екстериторијалност, интелектуалците од браќата соживотџии да речат – чекај, извинете, ова беше преку мерката и по стандардите на војна. Уште чекаме. И го потпишаа фамозниот рамковен договор, пак грдиот фашизоиден Македонец подаде рака. Ајде, сега економија…. Но не, дојде територијална, преамбула, службена употреба на јазикот каде што има над 20%…. И Македонецот климаше со глава, потпишуваше и подголтнуваше. Од сето ова што го прочитавте, со сите концесии кон нашите соседи албанци, сите погодности кои ги уживаат од мајка Македонија – поразителен е фактот дека денес, лето Господово 2016 -то , 80 % од албанската популација во Македонија поддржува одцепување на нејзини делови и припојување кон „матичната“ Албанија. Зборам напамет? Направете ЈЕБЕНА анкета на интернет.
Посетете натпревар на Шкендија или Шкупи, ЈЕБЕНО отидете во СТРУГА каде што села оддалечени 30 километри се приспоија кон општината за да се помоча и обележи етничка карта од 19-ти век. И кој е крив, ГРДОТО ЈЕБЕНО ЛИЦЕ НА ФАШИЗОИДНИОТ МАКЕДОНЕЦ КОЈ НЕ САКА СОЖИВОТ. И мислите треба да и верувате на Мувата ЗЗ, дека уште само ОВА и ќе биде мед, млеко и економско/граџански прашања? Ако одговорот го базирате на ТВ настапите на Нора, Бени, Љуми,Артим, Замир, и други соживотџии кои своите собраќа по етникум ги гледаат само по социјалните мрежи – гадно сте се заебале.
Прочитајте ја одново колумнава и ќе разберете дека цело време сме на погрешен пат и и со таа политика на ексклузивитет кон етникумот за кој врв на желбата за соживот е исказот, „ете, годинава не направивме војна, тоа значи дека сме за Македонија“ – тука нема граѓански концепт, тука нема соживот поделени во енклави и со постојана попустливост на едниот кон другиот на патот кон „стекнатите права“. Стекнати со она бебешкото – дај ми тоа и тоа ИЛИ…..
Не е тоа соживот господа АЛБАНЦИ, тоа е Садизам кон еден мирољубив и питом народ кој никогаш ништо не ви згрешил. Заслужува ли тој народ своја држава? Заслужува ли сопствен јазик и писмо? Заслужува ли Црква и институции? Заслужува ли живот и Дом? Кога ќе си ги одговорите овие прашања, кога ИЛИ ова ќе дадете ИЛИ… ќе излезе од вашиот вокабулар, кога на ваши митинзи ќе имате врзано македонско и албанско знаме, кога за празници во општините каде сте над 20% ќе го истакнувате државното знаме, кога ќе барате работа според вештина и знаење а не заради етничкиот бекграунд, кога….
Кога ќе прифатите дека и МАКЕДОНЦИТЕ се народ со чувства и имаат право на се што вие имате право – тогаш можеме да зборуваме за соживот. Ова денес, ова се садистички концесии со еден и еднинствен пат – она ИЛИ…. Соживотот е како љубов, треба да се негува, конзумира, треба да има желба за него – од двете страни. Погоре прочитавте што се направија вашите комшии Македонци за вас – ако мислите дека тоа ви следувало, појдете до Швајцарија, во енклава каде што сте над 20% и барајте го сосема истово.
Тогаш ќе ја погледнете вистината колку сте среќни што господ ви дал таков фин и питом народ за комшии и сограѓани – ИЛИ гласајте за Мувата ЗЗ и палете се на неговите приказни…. Македонците се по ова прашање со грбот до ѕид, нема повеќе назад а ќесето со подароци се скина… Ние немаме каде.
Ова е нашата единствена држава на светот. Вие имате две – не бидете лакоми и знајте, Мувата ЗЗ ќе лапа пипс, а ние, вие и ние, ќе сме сѐ уште тука, и МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ, whatever it takes…
Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарТука помош нема а и разумот не помага. И

Пронајдете не на следниве мрежи: