Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе настапи на манифестацијата Велешко културно лето. Концертот ќе се оддржи на 21 јули (четврток ) со почеток во 20.30 часот во Младинскиот парк во Велес. Концертот е со наслов Музика и филм и претставува исклучително возбудлив проект кој вклучува изведба на гудачки квартет и филмска проекција.Ова е нов проект на Пламенка Трајковска врзан со нејзината цел за доближување на класичната музика до најшироката публика. Многу често во големите филмски остварувања композиторите за филм употребуваат композиции од класичниот репертоар и тоа обичната публика ретко или никогаш не го забележува.
Композициите во филмовите се употребуваат во нивната вообичаена форма, но и многу често заради драматургијата на сцената композициите се модифицираат во најразлични насоки. Токму ова е инспирација за концертот.
Пламенка ги анализираше филмовите во кои се користи класична музика и ги употреби за креирање на нов исклучителен концерт Музика и филм.
На програмата се дела од В.А. Моцарт, Ш. Бизе, Ј. Брамс, Офенбах и други познати класични и помодерни композитори. Ќе бидат прикажувани сегменти од познатите филмови како: Грофот Дракула, Еис Вентура, Бриџит Џонс, Кум, Џемс Бонд, Мирисот на жената и други познати филмови.
Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Ѓорѓина Поповска, Љубица Бошкоска и Маја Михајловска.
Концертот е поддржан од општина Велес и од Министерството за култура.Ова е нов проект на Пламенка Трајковска врзан со нејзината цел за доближување на класичната музика до најшироката публика. Многу често во големите