Музика преку интернет-совршен онлајн стриминг од Audi Connect

Музика преку интернет-совршен онлајн стриминг од Audi Connect Нови услуги кај Audi А6, Audi A7 Sportback и Audi TTМилиони песни сега се достапни преку „Napster“ и „Aupeo!“ Практично пребарување преку MMI системот  Audi им овозможува на клиентите во своите автомобили најлесно да ги изберат своите омилени песни од големата дата база на светската музика. Новите модели Audi А6 и Audi A7 Sportback, како и новиот Audi TT преку новата услуга на системот Audi Connect им овозможуваат на клиентите да ја преслушуваат омилената музика преку  „Napster“ и „Aupeo!“  Audi ја проширува употребата на веб услугите со онлајн стриминг на интернет медиуми. Оваа услуга во моментов е достапна кај новите Audi А6 и Audi A7 Sportback, како и во новите Audi TT Coupe и Audi TT Roadster. За да можат клиентите да ја користат оваа услуга тие треба да имаат инсталирано MMI навигација плус и Audi Connect. Откако бесплатно, на паметните телефони на клиентите, ќе биде инсталиранa апликацијата Audi MMI Connect, им се овозможува онлајн стриминг со пристап до услугите на порталот за музика „Napster“ и до радио сервисот „Aupeo!“. Како резултат на тоа, клиентите на Audi можат лесно да пристапат до базата од 20 милиони песни и неколку илјади аудио книги во mp3 формат. За да оваа услуга биде можна, паметниот телефон треба да биде поврзан со MMI системот преку Wi-Fi безжичен интернет. Понатаму, сите контроли се целосно интегрирани. Нови услуги кај Audi А6, Audi A7 Sportback и Audi TTМилиони песни сега се достапни преку „Napster“ и „Aupeo!“ 

Пронајдете не на следниве мрежи: