Министерството за внатрешни работи се уште нема одговор дали обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на 27 април навистина постапил по наредба на лидерот на СДСМ Зоран Заев и испукал два куршуми во воздух во собраниската зграда, јавува Алфа телевизија.Телевизијата побарала од внатрешна контрола да одговори, во кои случаи смее полициски службеник да вперува пиштол во маса народ и да пука, но одговор нема.
-Додека МВР секојдневно информира за нови осомничени во врска со настаните во Собранието што се случија на 27 април, се уште е без одговор дали обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на 27 април навистина постапил по наредба на лидерот на СДСМ, па испукал два куршуми во воздух, во прес салата од собраниската зграда, како што во телевизиско интервју тврдеше Заев, стои во текстот на телевизијата.
Како што можеше да се види од изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дадена во емисијата Топ Тема на Телма телевизија веднаш по настаните кои се случија на 27 април, каде што истакнува дека лично тој на службеното лице му ја дал наредбата за да пука во Собранието.
Вториот член од обезбедувањето на Спасовски, кое во настаните од 27 април вперуваше пиштол во законодавниот дом спротивно на законот, денес заедно со поранешниот министер за внатрешни работи е виден како излегува од Собранието на Република Македонија, при неформалната средба која се одржа помеѓу партиите.Телевизијата побарала од внатрешна контрола да одговори, во кои случаи смее полициски службеник да вперува пиштол во маса народ и да пука, но одгов
Пронајдете не на следниве мрежи: