МВР и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски целосно потфрлија за тоа за кое се платени со пари на граѓаните. Тие очигледно не се грижат за редот и мирот во државата, а сторители на кривични дела, како свернавење на гробишта, креирање на тензии и поттикнување верска и национална омраза, се оставаат слободно да се шетаат и да ги повторуваат одново, изјави на денешната прес конференција Дејан Митровски.-Како поинаку граѓаните да го толкуваат фактот дека после 12 дена се уште не се откриени сторителите на вандалскиот чин во Љуботен кога беа уништени 30-тина православни гробови. Овој акт предизвика тензии и страв кај граѓаните, а министерот мува не го лази за тоа што сторителите сеуште не се фатени и извадени пред лицето на правдата и може да го повторат делото, потенцираше Митровски.
Тој реше и дека штетата од овој чин не е само материјална, туку може да влијае и на им меѓуетничките односи во Бутел. Ова е многу сериозно за вака индолентно да се однесува Оливер Спасовски.
-Се почесто се поставува прашањето дали овој чин имаше за цел да предизвика дефокусирање и страв кај граѓаните, а на друга лента да се истераат некои политички, а може и тесно партиски работи. Се додека истрагата тапка во место до тогаш со право може да кажеме дека мирот и безбедноста на граѓаните се загрозени и надлежните треба да понесат одговорност за нивната неспособност да решат еден ваков случај, заврши Митровски.дејан-Како поинаку граѓаните да го толкуваат фактот дека после 12 дена се уште не се откриени сторителите на вандалскиот чин во Љуботен кога беа уништен