По целодневен молк за нападот во кој беше претепан Тодор Петров, МВР излезе со соопштение за немилиот настан.Од таму ги испраќаат основните информации за настанот, но нема приведени и напаѓачите се уште не се уапсени.
-Во врска со настанот кој е пријавен денеска во 12,30 часот дека лицето Т. П. е физички нападнато во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на неколку лица и е префрлено во Ургентен центар, од страна на СВР Скопје е постапено по пријавата, преземени се мерки и активности, по што од извршениот разговор со повредениот добиени се првични информации дека истиот околу 12,30 часот дошол во угостителскиот објект заедно со уште две лица со намера да ручаат. Но, кратко по доаѓањето, според тврдењето на Т.П., 5-6 лица, меѓу кои и лицето Б. А. , а кои претходно биле во угостителскиот објект, најпрво почнале да го навредуваат и да му се закануваат во врска со претходно одржан јавен собир во населбата Бутел и физички го нападнале. Но, потоа, според тврдењето на Т.П., во објектот влегло лицето И. М. кое им се обратило на напаѓачите, по што истите се разотишле. Повредениот Т. П. со брза помош е префрлен во Ургентен центар, каде што му биле констатирани телесни повреди и истиот е задржан на лекување. Од страна на СВР Скопје, а во консултации со Јавен обвинител, и понатаму се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот, утврдување на инволвирани лица и квалификација на истиот, за што дополнително ќе бидете известени, велат од МВР.
Од МВР допрва ќе се утврдуваат квалификациите. Министерот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски цел ден молчеше за инцидентот.Од таму ги испраќаат основните информации за настанот, но нема приведени и напаѓачите се уште не се уапсени.
-Во врска со настанот ко