Со цел сузбивање на организирани криминални групи за улично дилерство на дрога, Министерството за внатрешни работи во петокот по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во рамки на оперативното истражување “МРЕЖА” изврши претреси на повеќе локации и тоа, во Прилеп, Битола и Скопје при што сузбиена е организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со продажба на наркотични дроги а при реализицијата на случајот запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8-10 кг марихуана, 570 таблети екстази од слобода се лишени шест лица, додека две лица во моментов не се достапни на органите на прогон и по истите интензивно се трага., информираат од МВР.Поднесена е кривична пријава против лицата Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29) и В.В. (39) за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Додека за лицето Н.Х. ќе биде пријавен и за сторено кривично дело – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 и В.В. за сторено кривично дело – “перење пари и други приноси од казниво дело “ казниво по член 273 од КЗ на РМ.
Лицата се изнесени пред Судија на претходна постапка при што за пет лица е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и за едно лице е одредена мерка домашен притвор
Имено, по спроведена истрага утврдено е дека лицето Д.В. од Прилеп е организатор на криминалната група која подолг временски период е инволвирана во продажба на хероин и марихуана на подрачје на Прилеп и Битола, со цел стекнување на противправна имотна корист. Д.В. создал своја мрежа на соработници во која секој од членовите извршувал конкретна криминална активност. Д.В. вршел набавка на дрога од лицата Н.Х. и Е.З. двајцата од Скопје, кои дрогата ја транспортирале до Прилеп. Дел од набавената дрога Д.В. ја плаќал со парични средства, а во неколку наврати направена е замена на дрога за автомобили и моторцикли.
По набавката на дрогата, Д.В. истата ја предавал на лицата М.К. од Прилеп и И.Т. од Битола кои биле задолжени за чување, мешање и препакување на дрогата од каде што така спакуваната дрога по претходен договор Д.В. ја превземал и доставувал до лицата Ф.П. од Прилеп и М.С. од Битола кои биле задолжени за нејзина понатамошна препродажба. Исто така, по инструкции на Д.В. во неколку наврати и самите дилери ја превземале дрогата од горенаведите лицата задолжени за чување, мешање и препакување.
Петокот и саботата (17/18.03.) по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси на подрачје на Прилеп, Битола и Скопје при што кај лицето Ф.П. во Прилеп пронајдено е едно поголемо полиетиленско пакување во кое имало повеќе помали пакувања исполнети со прашкаста материја во кафена боја (хероин), додека кај родителите на лицето В.В. (инаку сопруга на Д.В.) пронајдена е дигитална вага.
Вчера (18.03.) при извршените претреси во Скопје кај лицето Н.Х. пронајдени се два телефонски апарати, девет држачи за СИМ (со и без картици) пластично кутивче со бела непозната материја, едно полиетиленско пакување со непозната бела прашкаста материја, осум куршуми со калибар 7,65 потоа 50 евра и 158.900 денари во различни апоени, три возила (ПЕЖО 307, Пасат и БМВ 320Д), купопродажни договори, клучеви, сообраќајни дозволи. Кај лицето Е.З. при претрес пронајдено е околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, 8-10 кг марихуана, 570 таблети-екстази, три телефонски апарати, две дигитални ваги со остатоци, сума пари – 19.000 денари.
Имено при преземање на оперативно тактички мерки при претресот кај Е.З. во дворот пронајдена е пластична канта закопана во земја во која бил сместен хероинот, кокаинот,новчаник за појас во кој имало 50 екстази, прашкаста материја со кафена боја –хероин, 50 екстази и дигитална вагаПоднесена е кривична пријава против лицата Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29) и В.В. (39) за ст