На 31.03.2017 година во 15,55 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово биле забележани лица како го симнуваат државното знаме на Р.Македонија од јарболот лоциран на ул.Гоце Делчев и поставуваат знаме на Р.Албанија, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.Од Министерството информираат дека при обид полициските службеници да ги легитимираат лицата, истите биле нападнати и спречени во вршење на службените дејствија при што им биле нанесени телесни повреди.
-Во дејствието две непознати лица се дале во бегство, додека Л.С.(16) и Љ.К.(21) двајцата од с.Слупчане, се приведени во полициската станица во СВР Куманово. За настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово по чие овластување од страна на увидна екипа од СВР Куманово е излезено на лице место и е извршен увид на местото на настанот, информираат од МВР.
СВР Куманово превзема мерки за расчистување на настанот.Од Министерството информираат дека при обид полициските службеници да ги легитимираат лицата, истите биле нападнати и спречени во вршење на службен