Министерството за внатрешни работи вчера во попладневните часови со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Б.С.(40) од Скопје, поради основи на сомнение дека како трезорист во НЛБ Тутунска Банка, сукцесивно во повеќе наврати извршил кривично дело „затајување“, предвидено и казниво по член 353, со што противправно се стекнал со имотна корист од 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра, износ со кој ја оштетил НЛБ Тутунска Банка.Од страна на судија на претходна постапка на Б.С. определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Деталите од МВР за кражбата прочитајте ги во продолжение
Имено, сега пријавениот како вработен на работно место трезорист во Служба за трезорско работење (работа со готовина и депо во НЛБ Тутунска банка АД Скопје), искористувајќи згодна прилика и познавајки го процесот на работа, во време кога во трезорот имало намалена фреквеција на вработени лица, незабележан од никого во периодот од 6-ти до 10-ти април ги присвоил за себе горенаведените парични средства.
Првиот износ го затаил од пратка на износ од 1.000.000 швајцарски франци на тој начин што од вкупниот износ пред испраќање на средствата по авионски пат, извадил едно врзопче со 100 банкноти во апоени од 1.000 швајцарски франци (100.000 франци) кои ги присвоил за себе.
Вториот износ го затаил искористувајќи погодна прилика при што незабележан од никого во неколку наврати првично противправно присвоил 375.000 евра готовински парични средства од трезор, а потоа и 300.000 швајцарски франци кои му биле доверени согласно работните задолженија во НЛБ Тутунска банка.
На 10.04.2017 година, соочен со фактот дека е невозможно да изврши раздолжување со настанатиот кусок на парични средства присвоени од негова страна, свесно извршил дополнително присвојување на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра од девизниот трезор, при што истите ги ставил во украсна кеса и околу 13 часот незабележан од никого ја напуштил НЛБ Тутунска банка упатувајќи се во непознат правец.
Од страна на одговорни лица од НЛБ Тутунска банка кривично правниот настан е пријавен во Единицата за известување и команда, а од страна на полициски службеници од АЛФА, Б.С. е пронајден и лишен од слобода.
Врз основа на издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на Основен суд Скопје-1 Скопје и извршени претреси на локации во Скопје, како и извршени разговори со одговорни лица во НЛБ Тутунска банка АД Скопје и други вработени лица во банката, обезбедени се писмени докази кои укажуваат на свесноста и намерата на пријавениот да го изврши кривичното дело.
Исто така од извршениот увид во видео записот од безбедносните камери на банката лоцирани и поставени во банката, констатирано е дека пријавениот го искористил процесот на работа и со непочитување на воспоставените процедури за сигурност при работата во трезор, на 10.04.2017 година, во препладневните часови од девизниот трезор присвоил 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра, кои парични средства во кеса ги изнел од службените простории и се оддалечил во непознат правец.
Од страна на СВР Скопје и во натамошниот период ќе се преземаат мерки за целосно расветлување на кривично правниот настан.Од страна на судија на претходна постапка на Б.С. определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Деталите од МВР за кражба