Министерството за внатрешни работи соопшти дека по повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, кога се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири и манифестации, а со цел обезбедување поволна безбедносна состојба превзема зајакнати мерки и активности по претходно изготвени планови.По однос на прославите на престојните празници на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје тие ќе бидат соодветно обезбедени. Притоа, на отворен простор прослави ќе се одржат на Плоштад „Македонија“ и Сквер „Јадран“ додека на затворен простор прослави ќе има во салата на КК „Работнички“ во Градски Парк и во Метрополис Арена на Скопски Саем за што од страна СВР Скопје се предвидени доволен број на полициски службеници од сите организациони единици на СВР Скопје и МВР.
Во однос на сообраќајот, информираат дека од страна на организаторите на посочените манифестации не се доставени никакви барања за какви било ограничувања или пак затворање на одредени сообраќајници, односно тој ќе се одвива тековно и без никакви ограничувања.
Воедно, од страна на полициски службеници од општа надлежност и од безбедноста на патниот сообраќај ќе бидат превземени зајакнати мерки и активности на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи со цел превентивно покривање на сообраќајниците и угостителските објекти каде што ќе има организиран дочек на Новата 2016 година.
Од МВР апелираат до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.По однос на прославите на престојните празници на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје тие ќе бидат соодветно обезбедени. Пр