Министерството за внатрешни работи на денешното гласање од вториот круг од Локалните избори нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.Порпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција истакна дека регистрирани се три три случаи на фотографирање гласачко ливче, нешто, како што рече, што се случуваше и во првиот круг од гласањето кога имаше 10 случаи на фотографирање на гласачко ливче.
Фогорафирање на гласачко ливче денеска е регистрирано во Шуто Оризари во ОУ „26 Јули“, во Црниче и во Пробиштип.
Од МВР апелира да не се фотографираат гласачките ливчица затоа што со тоа го кршат законот и ќе бидат сакционирани.
Посочи на едно нарушување на јавниот ред и мир во Шуто Оризари каде едно лице пријавило дека е нападнато од повеќе лица. Полицијата, како што рече Ангеловски, излегла на терен, приведено е едно лице и се работи на расчистување на случајот.
Упати апел до политичките партии и нивните следбеници да се воздржат од било какви инциденти, а до граѓаните да пријават доколку забележат неправилности.Порпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција истакна дека регистрирани се три три случаи на фотографирање гласачко ливче, нешто,&nb