Кандидатот за градоначалник на Сопиште од СДСМ, Далибор Богдановски, предизвикал сообраќајна несреќа поради возење со преголема брзина, а МВР три дена ја крие оваа информација.Според полициски информации до кои дојде Нетпрес, во сообраќајката е повреден Стефан Т. од Припор, кој во моментов е хоспитализиран во Државна болница, со скршена вилица и рака, а за денеска му е закажана и операција.
Богдановски кој во моментот на несреќата управувал возило „пасат“ ја предизвикал сообраќајката, со што му ја пресекол лентата на Стефан Т.
Неофицијално, полициски извори брифираат дека имало притисоци за записникот од сообраќајката, кон одговорниот полицаец од увидната екипа. На мобилен телефон му се јавило женско лице кое инсистирало записникот да се направи во корист на кандидатот за градоначалник на СДСМ, иако тој бил виновен за сообраќајката.
Очевидци велат дека кандидатот за градоначалник од СДСМ ја предизвикал сообраќајната незгода поради возење со преголема брзина во населено место, при што изгубил контрола над воланот и влегол во другата лента.
Извор: НетПрес.мкСпоред полициски информации до кои дојде Нетпрес, во сообраќајката е повреден Стефан Т. од Припор, кој во моментов е хоспитализиран во Државна болн