Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска апелираше Македонски железници, каде вработените протестираат веќе шест дена со прекин на сообраќајот, да продолжи со работа за да не се најде во ситуација да им исплаќа пенали на коминтентите и дополнително да си ја влоши финансиската ситуација. До Владата, според Ѓорѓиев, се уште не е доставена оставка од директорот на МЖ Транспорт Никола Костов.– Според информациите кои ги имам до овој момент до Владата на Република Македонија не е доставена оставка од Никола Костов. Во оној момент кога ние како Влада ќе ја добиеме оставката ќе ја разгледаме и ќе се произнесеме. Во случај да ја прифатиме ќе препорачаме на претпријатието да се избере нов директор, бидејќи тоа е во делокругот на неговите надлежности, рече Ѓорѓиев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Имаме чувство, посочи Ѓорѓиев, дека има обид за прикриена политизација и мешање на политички сили во рамките на актуелната состојба. Имаме информации дека мал број вработени ја попречуваат работата на 3.000 лица кои се вработени во железницата и тоа треба да прекине. Треба луѓето да работат за да можат да ја добијат дополнителната поддршка и за да можат да си ги извршуваат нивните обврски кон коминтентите, да остваруваат дополнителни приходи и да не предизвикаат штета во нивното работење поради евентуално неисполнување на договорните обврски, наведе Ѓорѓиев.
Тој потенцира дека Владата во изминатиот период беше концентрирана на поддршка на МЖ со цел подобрување на неговите перформанси.
– Во изминатиот период е подобрена ликвидноста, солвентност и бонитетот на претпријатието и негативните аспекти кои ги имаше во работењето се подобруваат, но треба да продолжат да се подобруваат. На вчерашната седница донесовме став со кој се определува дополнителни 70 милиони денари да можат да бидат префрлени преку Министерството за транспорт и врски за потребите на МЖ, но со еден круцијален услов, а тоа е претпријатието да продолжи да работи, рече Ѓорѓиев.
Нагласи дека преку работата МЖ ќе може да ги исполни законските можности за да бидат префрлени дополнителните средства и за да ги реализира договорените обврски што ги има со своите коминтенти.– Според информациите кои ги имам до овој момент до Владата на Република Македонија не е доставена оставка од Никола Костов. Во оној момент к