Од работни обврски и денеска да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.Ова се препораките од Министерството за здравство (МЗ) по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека во текот на овие денови територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова фаза.
МЗ препорачува и да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
– Потсетуваме дека е потребно граѓаните од целата држава да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, наведува Министерството.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на плус осум степени, а пред употреба да се загрее на плус 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумираат и сладоледи и разни кремови.Ова се препораките од Министерството за здравство (МЗ) по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека во текот на овие денови територијат