Рекордните приноси во Македонија, но и во соседна Србија како најголем производител на пченица во регионот, може да предизвикаат пониски откупни цени и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) предлага три конкретни мерки за заштита на откупната цена на пченицата, најави министерот Михаил Цветков на денешната средба во Новаци со пелагониските производители на пченица.– Оваа година од засеаните 80.000 хектари очекуваме рекорден принос од околу 300.000 тони пченица, нешто што не се случило во изминатите 10 години. Секогаш во овој период од годината земјоделците се соочуваат со проблемот околу откупната цена на пченицата и затоа уште сега во договор со нив преземаме мерки да ги заштитиме, рече Цветков.
Првата мерка, додаде, е ускладиштување (складирање) на пченицата со што ќе го намалиме притисокот од појавата на вишок пченица на пазарот. – Можеме да складираме околу 80.000 тони пченица. Ова ускладиштување ќе го субвенционираме најмногу до шест месеци, посочи Цветков.
Втората мерка, нагласи, е откуп на пченица за државните резерви да се врши само за пченица од македонско потекло, а третата е интервентен откуп на пченица со која ќе бидат опфатени поголем број на земјоделски стопанства.
Цветков информираше и за преземените активности за заштита на говедата од болеста „јазлеста кожа“ и најави дека идната недела ќе стигнат сите 250.000 вакцини.
– За справување со оваа болест кај говедата добивме 50.000 вакцини, помош од Европската комисија со што 80 отсто од говедата кои беа заболени веќе се вакцинирани. МЗШВ нарача 250.000 вакцини, но се појави проблем околу увозот на вакцините кој веруваме наскоро ќе биде решен. Идната недела треба да пристигнат вакцините со што ќе биде „смирена“ оваа заразна болест кај говедата, потврди министерот Цветков.– Оваа година од засеаните 80.000 хектари очекуваме рекорден принос од околу 300.000 тони пченица, нешто што не се случило во изминатите 10 г