Со вчерашната изјава, Љупчо Николовски од СДСМ уште еднаш покажа дека нема никакви конструктивни идеи, туку, воден од желбата постојано да биде присутен во медиумите, само шири клевети, манипулации и дезинформации, надевајќи се притоа на политички поени, оцени денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).– Исто како пред шест месеци, Николовски ги спомна фирмата Силекс Неметали и тендерот за чистење канали за одводнување и наводнување од 2014 година што докажува дека нема креативни идеи и дека има огромна желба постојано, макар и со повторување на неосновани обвинувања, да биде присутен во медиумите. На тендерот се јавија 18 економски оператори, на јавната електронска аукција учествуваа 15, а четири дадоа најповолни услови, односно најниски цени и со нив се склучени договорите, соопшти МЗШВ.
Според Министерството, секое водостопанско претпријатие определува надзор кој на терен ја следи и потврдува извршената работа. Сите извештаи за времени ситуации, покрај надзорот, ги потпишува и изведувачот на работите, директорот на водостопанското претпријатие и директорот на Управата за водостопанство при МЗШВ.
– Уште еднаш ќе потсетиме дека, покрај законската постапка која е спроведена во целост, министерот Михаил Цветков пред исплатата на средствата дополнително формираше Комисија за проверка на изведени работи поврзани со чистењето на каналите за одводнување и наводнување во чиј состав покрај членови од МЗШВ, има и членови од други надлежни државни институции. Дополнително формираната Комисија беше на терен, состави писмен извештај поткрепен со фото документација со што се потврдува дека сите економски оператори ги извршиле активностите согласно условите во договорите, наведува Министерството.
И со обвинувањата за наводни незаконски исплати преку Платежната агенција за кои институцијата веќе испрати реакција, Николовски, како што посочува МЗШВ, ја потврди желбата да се слика.
– Иако од Платежната агенција одговорија дека „главните забелешки се корегирани за што сведочи и изјавата на Главниот државен ревизор; дека во ниеден дел од извештајот не е наведено дека средствата се исплатени неправилно, незаконски и не е наведена сума на злоупотребени средства; како и тоа дека Агенцијата работи согласно важечките законски и подзаконски прописи и акти, што е потврдено од страна на сите досегашни ревизии извршени од Европската комисија, надворешните независни ревизии, како и од страна на државниот ревизор“, Николовски вчера повторно со желба да се слика и појавува во јавност, зборуваше за наводно сомнително исплатени три милиони евра преку Програмата за рурален развој, стои во соопштението од Министесртвото за земјоделство.– Исто како пред шест месеци, Николовски ги спомна фирмата Силекс Неметали и тендерот за чистење канали за одводнување и наводнување од 2014