МЗШВ: Сточарите ќе бидат обештетени со 150 милиони денари

Во врска со денешната изјава на дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, „Сите сточари до еден мора да бидат обештетени“, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заради објективност ја информира јавноста дека од добиточната болест јазлеста кожа угинати се околу 3.500 говеда или 1,6% од вкупниот број на говеда во Република Македонија.Проценетата вредност за обештетување на сточарите е околу 150 милиони денари кои се обезбедени од Агенцијата за храна и ветеринарство и до крајот на годината сточарите ќе бидат обештетени.
-Сакаме да ја потсетиме јавноста дека министерот Михаил Цветков и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски минатата недела учествуваа на министерската  конференција за болеста јазлеста кожа која се одржа во Република Бугарија. На конференцијата организирана од Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија во соработка со Европската комисија, присуствуваа делегации од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Турција и од Украина, како и еврокомесарот за здравство и безбедност на храна, Витенис Андриукаитис. На оваа конференција беа донесени заклучоци кои практично Република Македонија ги има веќе спроведено, односно целосна вакцинација на добитокот и годишна ревакцинација до уништување на болеста. Од еврокомесарот за здравство и безбедност на храна добивме уверување дека ќе бидеме финансиски поддржани за досега преземените мерки, како и за идните мерки за искоренување на оваа болест.  Исто така сакаме да ја информираме македонската јавност дека нема никаква опасност од консумирање на месо, млеко и нивни преработки добиени од вакцинирани животни, стои во реакцијата на МЗШВ.Проценетата вредност за обештетување на сточарите е околу 150 милиони денари кои се обезбедени од Агенцијата за храна и ветеринарство и до крајот н

Пронајдете не на следниве мрежи: