Проблеми во земјоделството, како и во секој друг сектор, има и ќе има, и треба да се решаваат со конкретни мерки, а не со собирање на евтини политички поени како што тоа го прави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, реагираат од МЗШВ.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на МЗШВ
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во конкретниот случај, кога се работи за Удово, Јосифово и Пирава, од оваа година ќе почне санацијата и рехабилитацијата на каналот, при што, со помош на германската KFW Банка, во вкупна вредност од 15 милиони евра ќе се изгради комплетно нов систем за наводнување. Со него ќе се создаде можност за воведување на модерни системи за наводнување на културите.
Со овој проект кој опфаќа зафат на реката Вардар, целосна обнова на главната пумпна станица во Удово, како и затворање на главниот канал во должина од околу 9 километри, обнова на препумпните станици и секундарната мрежа ќе добиеме најсовремен систем на наводнување кој ќе наводнува земјоделска површина од 2.100 хектари.
Исто така направен е и основен проект за санација и рехабилитација на пумпната станица Страиште, која е стара над 50 години и е нефункционална. Наскоро ќе се објави оглас за избор на најповолен изведувач.
Во однос на цената на нафтата која на светската берза достигнува историски најниско ниво, не претставува голем проблем,а предлогот на СДСМ и на дополнителниот заменик Љупчо Николовски, за обезбедување на зелена нафта за земјоделците е неприфатливо, особено што ниту една европска држава ја нема воведено. Покрај тоа, повеќето земји кои што ја воведоа, по краток период ја укинаа, поради тоа што се соочија со голем број на малверзаии при примената на оваа мерка.
Во однос на пласманот на земјоделските производи, не е доволно само да се констатира, туку треба и да се предлагаат решенија. Владата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, превзеде низа мерки за стабилизирање на откупните цени. Созадовме поволни услови за заинтересираните приватни инвеститори за отворање на откупно дистрибутивни центри, со кои земјоделските производи се калибрираат, разладуваат и продаваат на пазарот по поволни цени. Покрај постоечките веќе изградени откупно дистрибутивни центри, според планот, ќе бидат отворени уште 25 вакви центри во целата Држава, од кои 12 локации веќе се продадени на инвеститори,а другите локации, се во процедура за продажба.
МЗШВ и Владата на РМ не можат да влијаат на откупната цена на земјоделските производи, бидејќи живееме во пазарна економија, но затоа секогаш кога има нарушување на пазарот, реагираат со соодветни мерки и дополнителни субвенции како што е случајот со оризот.
Проблемот со ниските откупни цени сметаме дека може да се надмине со здружување на земјоделците во задруги и во тој правец преку ИПА 2 Програмата за годинава се обезбедени 2 милиони евра кои ќе помогнат во зајакнувањето на земјоделските задруги. Исто така за оваа намена се предвидени и дополнителни 2 милиони евра и за период од 2017 до 2019 година.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на МЗШВ
Министерството за земјоделство,шумарство и водостоп