Поддршката од нашите европски пријатели мотив да ја задржиме динамиката на преговорите со ЕУ и да останеме на европскиот пат.
За иднината на проширувањето, обврските кои ги имаме за исполнување, брзи резултати од реформите и важноста во овој момент успешно да ги завршиме уставните измени и скрининг процесот, разговарав со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер, амбасадорот на Полска во Северна Македонија, Н.Е. Кшиштов Гжелчик.
Нашите партнери ја препознаваат нашата заложба и посветеност на евроинтегративниот процес и можност за искористување на политичкиот моментум и давање на европската перспектива реалност.
Важни се политичката поддршка и техничка помош која ни ја даваат нашите сојузници со кои делиме исти вредности и посетата на министрите за ЕУ на Франција, Германија и Полска ќе биде важно во создавањето атмосфера за ново поместување напред во евроинтеграциите.
Пронајдете не на следниве мрежи: