Mногу повеќе од средство за расонување: Кафе за сјајна коса и кожа без целулит

Покрај тоа што е омилен напиток со кој се будиме наутро, кафето има бројни лековити својства кои влијаат на нашето здравје и убавина.
Кафето е буквално вулкан од антиоксиданси, што значи дека се бори со сите штетни материи, токсини и слободни радикали во нашиот организам, зајакнувајќи го одбранбениот систем. Кафето е одличен сојузник во борбата против стареењето на кожата бидејќи ги елиминира токсините кои се таложат на неа и ја штити од неповолните влијанија на слободните радикали.
Како да го користите кафето за кожата?
Наједноставниот и најефикасен начин да спречите стареење на кожата на лицето и телото и да ја вратите нејзината отпорност и виталност е – маска или пилинг од кафе.


Пилингот за тело од кафе ќе ја подобри циркулацијата и ќе придонесе за намалување на целулитот. За него ви се потребни две лажички кафе, една лажичка кокосово масло, една лажичка кафеав шеќер и една лажичка мелен цимет. Пилингот можете да го нанесете на целото тело или на деловите кои се критични.
Пилингот од кафе треба да го нанесувате секој ден, 10 дена во континуитет, втривајќи го во кожата со кружни движења најмалку 6-7 минути. Потоа измијте го со млака вода.
Општо е познато дека кафето е диуретик. Затоа, кога се нанесува на кожата, тоа помага во “извлекување” на вишокот течности од масните клетки и намалување на целулитот.
Како да го користите кафето за косата?
Кафето и неговите состојки ќе ѝ го вратат сјајот и мекоста на вашата коса, а ќе го поттикнат и нејзиниот раст.
Него можете да го користите така што ќе сварите една шолја силно кафе во кое ќе додадете 100 мл. вода. Кога течноста ќе стане млака, прелијте ја преку косата од темето до врвовите. Замотајте ја косата во пластична фолија и оставете да отстои 20 минути, а потоа измијте ја со благ шампон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.