На 14 години ја прoдале како бело робје: Имав секс со 110 мажи за еден ден и шест пати…

На само 14 години, Меган била продадена како бело робје. Денес, 11 години подоцна живее во константен страв дека мрачните сенки од минатото ќе се вратат по неа.Потресното поглавје на оваа девојка започнало кога била на летување во Грција со својата мајка кое се претворило во пекол.
„Целиот мој идентитет, мојата личност… се беше украдено. Доколку самите не сте биле дел од овој пекол, никогаш нема да разберете“, објаснува таа.
Додека ја раскажува својата потресна исповед, Меган раскажува со скоро без никаков израз на лицето, со блед поглед и говори со тивок тон. Како да се плаши да дозволи било која емоција да исплива на површина и да пушти глас. Како да се плаши од слободата.
Меган решила својата исповед да ја објави во книга, која би требало да има терапевтско дејство.
„Кога излегов од сето тоа, никому не смеев да зборувам за она што  ми се случи. Сосема ја изгубив самодовербата, треперев кога некој покрај мене ќе го повишеше тонот или ќе викнеше. Бев сенка и уште послаба од тоа“, раскажува Меган која страда од посттрауматски стрес.
Како дете на разведени родители, имала тешко детство. За ситуацијата да биде уште полоша, и мајка ѝ и татко ѝ имале проблем со алкохолот. Нејзиното детство го одбележале мрачни спомени, расправии и стресни ситуации во кои не умеела да се снајде.

Кога имала 14 години отпатувала во Грција со својата мајка, Во себе носела очајничка потреба да биде сакана и прифатена.
Правата вечер таа и мајка ѝ се симнале во хотелскиот бар, каде за прв пат го забележала Жак, згоден Албанец  кој веднаш го привлекол нејзиното внимание.
До крајот на неделата, Меган ја убедила мајка ѝ да останат во Грција каде таа би живеела со новото момче. Според нејзините зборови, мајка ѝ тогаш не се чувствувала најдобро и не била во состојба јасно да размислува. Се согласила и набргу и самата започнала врска со локален угостител.
За Меган тоа било прилика конечно да зачекори во нов живот, полн со можности, љубов и разбирање. Врската со Жак ветувала многу и покрај јазичката бариера тие одлично се согласувале а тој кон неа бил многу  внимателен и мил.

Наскоро, неговиот „неодолив шарм“ се претворил во ѕвер желен за контрола.
Неговите промени во расположението станале многу напорни и се почесто го споменувал своето семејство. Зборувал дека неговата мајка е многу болна од рак и дека итно ѝ е потребна операција а  семејството нема пари за такво нешто.
Потоа велел дека замислува дека со Меган еден ден ќе има прекрасна куќа со многу деца и дека ќе имаат се што ќе посакаат, но за да го остварат тоа, мораат да се преселат во Атина каде што живееле неговите роднини кои би му помогнале да најде подобра работа. Меган се согласила, иако знаела дека во тој случај ќе мора да се раздели од својата мајка.

Кога пристигнале во Атина, Меган ја открила ужасната вистина која  стоела зад прекрасните ветувања и набрзо се нашла во средиште на проституција.
„Се сеќавам колку треперев кога прв пат  одев по скалите во таа зграда каде неговите роднини живееа. Никогаш нема да  ја заборавам ладната пот која ме обли  и  нешто ми велеше дека нешто не е во ред“, раскажува Меган.
Ја оставиле во мала соба без прозор со еден душек кој лежел на подот. Покрај него стоела мала камера.
Тогаш за прв пат ја силувал. Ја оставил на валканиот кревет цел во крв, ѝ дал 50 фунти и кутија кондоми. Тоа бил првиот секс кој Меган го имала во животот.
Години подоцна се обвинувала себе си затоа што не избегала. Зошто не се борела и обидела да избега од тој пекол?
Наместо тоа, останала на тој душек, на кој подоцна продолжила да има секс со различни мажи кои ѝ давале пари за нејзините услуги.
Секојдневно трпела понижување, а кога се осудила да побара од Жак да ја ослободи,  ѝ се заканил дека ќе ја убие мајка ѝ. Нејзината самодоверба била толку уништена што и самата поверувала дека никогаш нема да биде подобро. Потполно зависела од жак. Дали ќе добие чиста гардероба, храна, вода… За се морала да добие посебна дозвола.
Едно време била проститутка на улиците во Италија, што на неа оставило посебни трауми. Од другите жени имала еднаков страв како и од клиентите, а за сексуалните услуги добивала 20 фунти.
„Немав одмор. Никогаш. 40, 50, 60 клиенти во еден ден и никогаш не беше доволно“, објаснува таа. Се сеќава дека еднаш задоволила дури 110 мажи, по што тешко се разболела.
Според нејзините зборови, на некој начин била во полусвесна состојба и целата ситуација ја преживеала така што успеала да го исклучи „мозокот“ во некои моменти. Неухранета, бледа и уморна Меган прележала сифилис и салмонела 6 пати. Кога и да не се однесувала согласно со „договорот“ била строго казнувана.
И сега, 11 години подоцна, јасно го чувствува вкусот на сопствената крв.
Жак подоцна ја продал на друг макро кој цело време ја терал на својата мајка да ѝ пишува писма  и да ѝ праќа разгледници за да ја увери дека се е во ред.

„Беа многу пресметливи и секогаш размислуваа  неколку чекори однапред. Не беше лесно да станеш и да избегаш. Немав доволно сила за такво нешто. Не само што го заробија моето тело, туку и душата. Станав робот кој  ги извршуваше своите должности“, вели Меган.
Кутрата девојка дури и неколку пати била приведувана во полиција, но од преголеиот страв не смеела да каже ништо. Живеела во постојана параноја дека ќе биде убиена и дека го следат секој нејзин чекор.
На крајот  преживеала психичка епизода по што била пренесена во болница каде поминала три месеци. Одвоена од надворешниот свет, се почувствувала доволно сигурна да раскаже што ѝ се случло.
Докторите ја контактирале нејзината мајка и тие две набрзо  биле заедно и се вратиле во Британија. Меган добила терапија и долго се борела со депресијата, анксиозноста и мрачните мисли.

По бројни неуспешни врски кои се обидела да ги оствари, Меган се свртела кон алкохолот.
„И понатаму се чувствувам како да имам десет години. Долго време не се осудував да се впуштам во сексуални односи, а кога го сторив тоа, морав да бидам под дејство на алкохол“.
Таа сега својата приказна ја доверила на својата колешка која потоа  ја убедила да се упати во сигурна куќа  наменета за жртви од семејно насилство.
„После долго време, конечно живеам во мир. Се чувствувам силна и одлучна, сега се чувствувам како Меган“, рекла таа.Потресното поглавје на оваа девојка започнало кога била на летување во Грција со својата мајка кое се претворило во пекол.
„Целиот мо

Пронајдете не на следниве мрежи: