четврток, 12 ноември 2026
Најново

На 28 годишна девојка и згрешиле инјекција, починала во големи маки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Екатерина Федјаева (28) од Уљановск, на западот на Русија почина во страшни маки зошто во текот на рутинска операција, наместо физиолошки раствор, по грешка и вбризгале формалдехид, кој се користи за балсамирање.Екатерина отишла на обична лапораскопска операција на циста на јајникот. Неодамна се омажила и таа со сопругот сакале бебе, а цистата и правела проблеми. Постапката била рутинска и таа е оперирана на 15. март.
Меѓутоа, медицинската сестра по грешка во стомачната празнина наместо физиолошки раствор и вбризгала формалдехид. На Екатерина и се покачила температурата и и почнале страшни болки во стомакот. Лекарите и дале сметка, а на сопругот Игор, мајката Галина и свекрвата Валентина и рекле да си одат дома.
-Катја лежела во заедничка соба, каде имало уште осум кревети, жените се одмарале, па Игор рано заминал. И Галина во 7 часот ја замолиле да оди и и рекле да се врати утрото. Ми телфонираше дека Катјуша спие и дека притисокот и е многу низок, и дека и рекла „мамо, умирам“, раскажува потресената свекрва Валентина.
Галина отишла утрото кај ќерката, но Екатерина била во многу тешка состојба. Прво ја префрлиле во регионалната болница, а на 17 март во болница во Москва. Таму веднаш почнале да ја реанимираат, но веднаш рекле дека премногу време поминало.

-Девојката пристигна во многу тешка состојба, повеќе органи и откажаа, во таква состојба не можеше да живее, соопшти Федералната агенција за медицина и биолигија. На Екатерина и откажаа белите дробови и бубрезите. Ја разбудиле од кома само за да се прости со семејството.
-Ова е чисто убиство. Таа течност едноставно го уништи нејзиното тело од внатре, вели огорчената мајка Галина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Целото тело и се тресеше. Ја отруја и ништо не направија да и помогнат. Луѓето кои ја направија операцијата знаеја дека и е вбризгана погрешна течност. Мораа да преземат итни мерки, но не реагираа на време. Ги проколнував да направат нешто, а тие само само сакаа што побрзо да си одам и се да скријат под тепих, вели таа.

 
Екатерина отишла на обична лапораскопска операција на циста на јајникот. Неодамна се омажила и таа со сопругот сакале бебе, а цистата и правела про

Поврзани вести