На 8 март пред 91 година почина верниот Хачико

На денот кога жените ширум светот го одбележуваат својот празник, во Јапонија е ден на жалост, а причината за тоа е дека на 8 март во 1935 година, во Токио почина кучето Хачико.Во „Горчливата долина“ во Токио (Шибуја Вард), особено во областа наречена Догензака, токму до најпрометната делница на планетата каде на секои три минути стотици луѓе ја преминуваат улицата, стои статуата на едно од најпознатите кучиња во светот, а секако најпознато во Јапонија.
Приказната за Хачико
Хачико, бело машко куче од расата акита било родено во 1923 година, на фарма близу до градот Одата, во префектурата Акита на северот на Хоншу. Речиси една година подоцна било донесено во Токио од неговиот сопственик, Хидесабуро Уено, професор по земјоделство на Универзитетот во Токио.
Секое утро кога Уено одел на работа, Хачико (нагалено Хачи) го испраќал до излезната врата и го чекал до доцна попладнето на истото место на железничката станица Шибуја. Ова станала нивна дневна рутина. Трагедијата се случила во 1925 година, кога Хачико имал 18 месеци.
Тој ден, професорот не се вратил со воз како и обично. Уено доживеал срцев удар на универзитетот. Починал и никогаш не се вратил на станицата на која го чекал неговиот најдобар пријател.
После смртта на Уено, Хачико бил предаден на нови сопственици, но секогаш наоѓал начин да избега од нив и да се врати во стариот дом во кој живеел со својот сопственик. Кога Хачико конечно сфатил дека професорот веќе не живее таму, тој се вратил на станицата. После тој ден, секој ден во точно 4 часот попладне, Хачико чекал на станицата со надеж дека неговиот сопственик ќе се симне од возот.

Ова продолжувало ден по ден, месец по месец, во текот на следните 10 години.
Со текот на времето, Хачико стана национален симбол на верност и лојалност. Неговата бронзена статуа беше подигната пред станицата и самиот Хачико бил присутен на церемонијата.
За жал, во текот на Втората светска војна статуата била стопена, бидејќи имале недостаток од материјал за оружја.
Во 1948 година, Такеши Андо, синот на вајарот кој ја направил оригиналната скулптура, бил побаран за да направи нова.
Хачико бил најден мртов на 8 март, во 1935 година на улица во Шибуја. Починал поради инфекција на срцето.
Остатоците од телото на Хачико, кој е препариран, можат да се видат во Националниот музеј на науката во Уено паркот во Токио.
Денес, статуата на ова куче сѐ уште стои пред железничката станица, чека и се надева дека неговиот сопственик ќе си дојде дома.Во „Горчливата долина“ во Токио (Шибуја Вард), особено во областа наречена Догензака, токму до најпрометната делница на планетата каде

Пронајдете не на следниве мрежи: