ИФФК Браќа Манаки со задоволство ви соопштува дека на последната прес конференција пред вечерашната церемонија за затворање на овогодинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, присутните имаа можност да го слушнат лауреатот на наградата „Голема Звезда“ на Друштвото на филмски професионалци на Македонија, Сајмон Пери. Останати гости на денешната прес конференција беа и Кристос Краманис, кинематограферот на филмот „Soy Nero/Црн сум“, како и дел од тимот на македонскиот филм „Златната петорка“, кој ќе го затвори годнишеното издание на фестивалот.Директорот на фестивалот Благоја Куновски – Доре, го претстави кинематограферот на фимот „Soy Nero/Црн сум“, филм кој на Куновски му оставил силен впечаток на фестивалот во Берлин. Приказната на филмот се однесува на Неро, кој сонува да стане жител на Америка, а во борбата за остварување на тој сон, се наоѓа во воена зона сред пустина.
-Уживав да работам филм на оваа тема, а најтешкиот дел беше снимањето во пустина. Најзначајно за мене за да почнам да работам на филм е најпрво сценариото, а потоа соработката со режисерот – рече Караманис.
На задоволство на фестивалот како и на публиката, на денешната прес конференција присуствуваше и лауреатот на наградата „Голема Звезда“ што ја доделува Друштвото на филмски професионалци од Македонија, Сајмон Пери. Како што го најави директорот Куновски, Пери е продуцентот заслужен за лансирање на филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и кој зад себе има брилијантна продуцнетска кариера.
За соработката со Милчо Манчевски, Сајмон Пери објасни дека се’ започнало кога во 1993 година добил телефонски повик од човек со балканско име, кој го заинтересирал со својата идеја за филмот и фактот што доаѓа од една мала земја. Пери вели дека се уште ги следи филмовите кои доаѓаат од овој дел од Европа, но жали што не се прават повеќе филмови од Македонија.
-Секогаш барам оригиналност. Сакам да видам талент и начин на раскажување на приказна што порано не сум го сретнал. „Пред Дождот“ беше со сигурност таков тип на филм. Во тоа време, 1993 година, се сеќавам дека добив телефонски повик од непознато лице со балканско име, Милчо Манчевски, кој што ме заинтересира со својата идеја за филм. Македонија во тоа време беше нова држава, која што стекна независност по распадот на Југославија. Всушност Македонија беше најновата држава во Европа а можеби и во светот- рече Пери.
За тековните трендови во македонската кинематографија, Пери вели дека е разочаран што нема повеќе филмови од Македонија.
-Секогаш се интересирам за она што се случува во овој дел од Европа, можам да кажам дека сум малку разочаран што нема повеќе филмови од Македонија. Исто така мислам дека Теона Митевска е оригинален талент и добар режисер, а филмовите што таа ги направи му дадоа идентитет на македонската кинематографија. Знам дека не е лесно и наоѓањето фондови воопшто не е едноставно.
Сајмон Пери истакна дека за него најголем предизвик е да трага по оригиналност и да работи со режисери од помали држави, кои што имаат свежина во пристапот и огромен талент. Како позитивни примери кои во моментов го фасцинираат ги издвои Финска и Исланд, а посочи и примери од Грција. За крај на прес конференцијата, Благоја Куновски го претстави тимот од филмот „Златната петорка“ кој ќе се прикаже, вечерва, на затворањето на фестивалот.
Од тимот на филмот, присутни беа режисерот Горан Тренчовски, продуцентот Дејан Милошевски и актерите Петар Арсовски, Билјана Таневски и Игор Ангелов.
-Благодарни сме за честа да го прикажеме филмот на овој реномиран фестивал. Се работи за една морална драмска сторија со елементи на трилер и романса, која се одвива во педесеттите години од минатиот век – објасни режисерот Тренчовски.
Актерите Петар Арсовски, Билјана Таневски и Игор Ангелов, кажаа дека се задоволни од работата на филмот и одвај чекаат да го погледнат вечерва за прв пат. Продуцентот Дејан Милошевски пак, истакна дека денешната проекција и ја посветуваат на Билјана Гарванлиева, косценаристка на филмот, која за жал не дочека да ја види финалната верзија на филмот.Директорот на фестивалот Благоја Куновски – Доре, го претстави кинематограферот на фимот „Soy Nero/Црн сум“, филм кој на Куновски