На браникот на убавината!

Би сакала она на кое што присуствував вчера вечер да го видат и снимат сите сателити, сите дронови, сите странски служби, сите вонземјани, сите пријатели и непријатели на нашава Татковина, да го снимат и на Кеплер и на Марс, да се види од САД до Русија, да го видат нашите иселеници ширум светот, да го видат за да се чуе крикот на мечтата, љубовта и копнежот по мајка Македонија. И надокрај, да се види како Македонецот застанува на браникот на убавината што Господ ја создал, на убавината што ја создале нашите предци, под ова наше Македонско небо со наједри на светот ѕвезди….Вчера вечер во Скопје се случи собирот организиран од ГДОМ, кој беше високо цивилизиран и на кој присуствуваа околу 70.000 граѓани, поддржувачи на ова граѓанско здружение за одбрана на Македонија од небулозата која на сите нас ни се случува веќе скоро две години. Тие ја изнесоа на виделина вредноста на нашите животи, а тоа над сè е патриотизмот и свеста за слободата. Вчера на злото се одговори со добро. Ние, Македонците кои синојќа бевме таму без шарени боички в рака, свесно одбравме да ја искористиме нашата моќ. Моќта на народот вчера беше моќ на свест, самосвест и автентичност на неговата вредност. Овој масовен собир кој немаше намера да доминира како поединец, туку напротив како едно цело, ја следеше вистината. Таму немаше полиција зошто немаше потреба од полициска интервенција. Овој собир на 70.000 Македонски срца ја следеше повисоката димензија на свеста, а тоа беше љубовта кон Македонија, кон човештвото воопшто. Сите што присуствувавме знаевме дека правиме добро за нас, за нашата иднина, за Македонија. Сите заедно споделивме и втемеливме сигурно и цврсто тло, кое сега веќе никој не ќе може да го поремети.
Во време на фанатизам, тероризам, фундаментализам и политики на предавства, балансот е клучот да се изоди овој макотрпен пат кон ѕвездите. Per aspera ad astra (Преку маки кон ѕвездите). Било и ќе биде. Синојќа светеа 70.000 ѕвезди. А маката, таа само му даде уште поголема сила на нашиот напатен народ да се спротивстави на најцивилизиран начин, со песна и игра против вандализмот, против оние кои осудуваат луѓе, вредности, идеи, остварувања.
Вчерашниот собир беше според мене Религија на љубовта кон Македонија. За тоа време, паралелно, опозицијата креираше омраза, вандализам, односно терор, што и не е ништо ново и непознато.
Само луѓе кои живеат во страв, може да бидат такви вандали или нелуѓе. Да создаваат креч револуција, да кречат во шарено културни објекти, згради, споменици од културата и историјата на Македонија… мора да им е најголемиот дострел во нивните животи, нели?!
Сè уште се прашувам како можеа толку гнасно да ја забијат нивната шепа во глината? Се запрашаа ли дали можеби глината чувствува болка, зошто и најнеартикулираниот куп глина, пред да започне обработка на вајарот, си има некаква форма која се стреми да ја дофати самата Убавина. Помеѓу шепата на неандерталецот на хулиганите и божествената рака на уметникот има еден мост. А тоа е мостот на КУЛТУРАТА.
Да ги споредиш Македонскиот народ вчера, да ги споредиш ВМРО ДПМНЕ со овие задолжени до гуша (кај странскиот непријател) вандали е како да помешаш вода и зејтин. Едноставно не припаѓаат во ист свет. Едните се напред и ги живеат соништата на иднината за силен просперитет, а другите живеат назад, зацопани во минатото, кое веќе не им функционира (ни од научна гледна точка), па сега се прпелкаат не знаејќи дали да ја употребат нивната моќ преку боење на боенки за мали деца т.н. шарена револуција, или да разменуваат финансиски средства од типот „на ти дај ми“ (за предавство), да ја искористат моќта да доминираат вештачки, како во лош кастинг во уште полош филм, во проект со слаб режисерски концепт, и уште победна продукција или пак им остана да ја глумат најстарата професија на светот. Каменот на мудроста е далеку од тие нецивилизирани неблагодарници.
Нивната вистина останува во боенките од комунизмот- универзалната шарена пилула против сите социјални неправди, што секојдневно ги дишеме како отрови.
Просто им се чудам на боговите што до сега не седнале, та не му ја исполниле пустата желба на момчето од Муртино да дојде на власт без избори. Можеби би сакал и средба со Сонцето, хм?
Две илјади години се испраќале в лудница луѓето кои мечтаеле да се сретнат со Месечината. Но, пропеа предавничката песна, која имаше за цел земјава да ни ја претвори во пекол. Да се постигне мир со помош на војна, тие филмови ги гледаме секој ден. Да се тргне со наточени заби стрвни за крв, го видовме и тоа. До кога ќе гледаме вакви идиотски продукции?
Светлината на човекот од вчера вечер блесна и ќе блеска засекогаш, бидејќи потекнува од автентичната моќ која нè ослободи сите нас од досегашниот матрикс на „македончето“.
Македонецот е слободен и храбар да биде она што е – вистински слободен ! Едвај го чекам да се зададе големиот митинг на ВМРО ДПМНЕ, и неговите 500.000 поддржувачи. Тргнат е. Го гледам и морници ме лазат од љубовта кон Македонија.
Д-р Мери ГеоргиевскаВчера вечер во Скопје се случи собирот организиран од ГДОМ, кој беше високо цивилизиран и на кој присуствуваа околу 70.000 граѓани, поддр

Пронајдете не на следниве мрежи: