На бремената девојка во чајот ѝ ставил состојка за предивикување на абортус

Џерод Ребук (25), се наоѓа во притвор и одредена му е кауција во висина од 20.000 долари поради обид за убиство на своето неродено дете, пренесоа странските медиуми.Момчето од Индијана, на Божиќ ја повикал својата бремена девојка на чај во кој ставил растителен препарат за прекин на бременоста. Девојката по пар голтки станала сомничава, бидејќи чајот имал чуден мирис и вкус, па му го пребарала мобилниот на момчето. Во историјата на интернет пребарувањата, таа пронашла дека Џерод пребарувал начини како да предизвика абортус.
Полицијата изјави дека Џерод во чајот ѝ ставил средство кое се употребува како антидепресив, за менструални грчеви, а се поврзува и со абортуси, пренесе NY Daily News.
Девојката, која се наоѓа во четвртата недела од бременоста и нејзиното дете –  не се повредени, а Џерод се правдал дека не е „психички и финансиски“ подготвен да стане татко. Му се закануваат 20 години затвор и казна од 10.000 долари.Момчето од Индијана, на Божиќ ја повикал својата бремена девојка на чај во кој ставил растителен препарат за прекин на бременоста. Девојката по пар

Пронајдете не на следниве мрежи: