четврток, 26 ноември 2026
Најново

На булеварите и улиците во Скопје, фрлени 103 тони сол

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатита ноќ фрлија 103 тони сол на булеварите и градските улици за да спречат појавување голомразица.
 Екипите на зимската служба со 10 возила интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Од Градот Скопје апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.Екипите на зимската служба со 10 возила интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници

Поврзани вести