НА ЧЕКОР ДО СМРТТА: Погледнете како е избегнат судир на авиони во Барселона

Патниците на двата авиони во Шпанија само моменти ги делеле од смртта. Со камера е забележана возбудлива ситуација на аеродромот која лесно можела да доведе до трагедија.Додека Боингот 767-300 на руската авиокомпанија „Утер“ се спуштал на пистата, авионот Ербас А340-300 од аргентинската авиокомпанија „Аеролинеас Аргентинеас“, се подготвувал да полета, пренесува Бизнис Инсајдер.
Аргентинскиот авион се движел по пистата која ја сече пистата на која се спуштал Боингот. Трагедијата е избегната благодарејќи на благовремената реакција на пилотот кој управувал со Боингот. Тој успеал да го крене авионот во воздух и да го избегне сударот.
Меѓутоа, неговиот потег бил многу ризичен бидејќи повторно се нашол во воздушниот простор во кој се наоѓале други авиони кои слетувале и полетувале.
Погледнете го неговото маневрирање:
Додека Боингот 767-300 на руската авиокомпанија „Утер“ се спуштал на пистата, авионот Ербас А340-300 од аргентинската авиокомпанија &bd

Пронајдете не на следниве мрежи: