„На чекор до тебе- Книга за секое дете“

 „На чекор до тебе- Книга  за секое дете“Во рамките на месецот на книгата ИНЕР ВИЛ БИТОЛА заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола започна со спроведување на проектот „На чекор до тебе – Книга за секое дете“. Проектот се состои во поддршка на социјално загрозените и ранливи категории деца за бесплатно членство во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.
Кон иницијативата вклучени се сите основни училишта кои ќе добијат ваучери за бесплатно членство и кои ќе ги доделат на учениците кои им се најпотребни.
Проектот произлезе како резултат на потребата за поголема популаризација и промоција на читањето книги, истите да се достапни за сите деца со цел правилен интелектуален развој и полесно совладување на наставните содржини.
Очекуваме дека кон иницијативата ќе се придружат и други организации и институции со уплата на членарина во износ од 200 денари за едно дете.
Инер Вил Битола и во иднина ќе ја продолжи соработката со НУУБ „Св. Кимент Охридски“ Битола во насока на поддршка на децата.
 Во рамките на месецот на книгата ИНЕР ВИЛ БИТОЛА заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола започна со спроведува

Пронајдете не на следниве мрежи: