НА ДЕНЕШЕН ДЕН 23 март загинува Ѓорѓи Сугарев

Во пролетта 1906 год. Сугарев добил писмо дека дека требало да замине за селото Мориово бидејќи таму се јавиле грчки вооружени чети. Сугарев веднаш заминал со својата чета. На 23 ти март 1906 год. Сугарев загинал во нерамна борба со турскиот аскер во близина на село Парaлово.Ѓорѓи Сугарев е еден од поистакнатите дејци  од македонското националослободително движење во Битолскиот округ. Роден е во Битола во 1876 год. како прво живородено дете на Коте и Донка. Сугарев најпрвин учел во централното училиште а потоа завршил егзархиска гимназија во Битола. Уште како ученик во гимназијата тој успеал да се поврзе со Христо Чамков и се вклучил во еден ученички револуционерен кружок кој претставувал ќелија на ВМОРО во Битола. По завршувањето на гимназијата Ѓорѓи Сугарев бил учител во повеќе места и тоа: во Радобор, Стрежево и во централното училиште во Битола. И како учител тој продолжил со својата револуционерна дејност. Во 1899 год. станува учител во село Ехловец Кичевско а наредната 1900 год. во Свети Враче Кичевско. Таму се случила една провала во редовите на организацијата при што биле уапсени нејзини истакнати членови од тој крај како Лука Џеров, Славко Арсов и др. Така Сугарев станал единствена врска со Битолскиот револуционерен округ. Наредната 1900-1901станува учител во Битола. За време на неговото учителствување во Битола се запознал со Веле Марков и Никола Петков Русински. Во Битолскиот револуционерен округ започнале да се формираат чети. Била формирана чета во Демир Хисар во која членувал и Сугарев. На 20  ноември 1901 год. во Битола пристигнал Гоце Делчев. Организацијата на Ѓорѓи Сугарев му ја доверила задачата да се грижи за безбедноста на Делчев додека тој е во Битола.  Во февруари 1902 год. започнале апсења на членови на револуционерната организација во Битола. Биле уапсени повеќе видни членови, но Сугарев успеал да се спаси од апсење, но морал да замине во илегала. По ова тој формирал своја чета. По формрањето на четата тој започнал со обиколка на повеќе села во битолско. Тој имал задача за пронаоѓање и казнување на предавниците на организацијата. Во јануари 1903 год. во Солун се одржал конгрес на организацијата на која била донесена одлука за кревање на востание. Било одлучено да се одржат конгреси по окрузите кои ке ја потврдат оваа одлука. Од 2  до 7 мај 1903 год. во с. Смилево битолско бил одржан конгрес на битолскиот раволуционерен округ. На овој конгрес присуствувал и Сугарев. Тој тврдел дека населението не е доволно вооружано и затоа бил против кревањето на востанието во тој период. Но под влијание на Даме Груев кој претседавал со конгресот била потрдена одлуката за востание. Биле формирани Востанички Штаб и Горски Началства на секој реон. Битолскиот реон бил поделен на два: Пелистерски на чело со Ѓорѓи Сугарев и Смилевски на чело со П. Цветков, Иван Делев и Ѓорѓи Павлев. Сугарев започнал со организирање на подготовки за востанието. Три дена пред кревањето на востанието во Пелистерскиот реон пристигнало писмо од Главниот Штаб во кое пишувало кога треба да се крене востанието. Сугарев испратил курири по селата за да ги извести тамошните раководители на организацијата за денот на кревањето на востанието. На 3 ти Август 1903 год. Сугарев со своите востаници го нападнале селото Долнени. По овие акции Сугарев формирал една нова чета во Облаковската планина. Со ова чета Сугарев пристигнал во селото Маловиште. На 9 ти август 1903 год. четата на Сугарев го запоседнала планинскиот премин Дервен меѓу Битола и Ресен. Набргу доаѓа турскиот башибозук при што востаниците се повлекле во Ѓавато каде што се водела битка со башибозукут, при што башизбозукот отстапил. Но истата вечер турската артилерија го бомбардирала Ѓавато. На 17  септември се одиграла една од најголемите битки меѓу востаниците и османлиите која се одиграла на територијата од село Боишта до село Слоештица. Во оваа битка востаниците ги победиле Османлиите и востаниците се повлекле во демирхисарските планини и востанието набргу било прекинато. По задушувањето на Илинденското востание во Македонија почнале да навлегуваат вооружени чети од соседните држави. Една од тие била четата на Григор Соколов-Љамев од Небрегово Прилепско. Од овие причини Сугарев летото 1904 год. заминал за Поречје. Тој побарал од претставникот на српската пропаганда Лазар Кујунџуќ да ја расформира оваа чета но откако тој одбил Сугарев го зел како заложник. Во почетокот на октомври 1904 четите на Сугарев, Петре Ацев и крушевскиот војвода Ѓурчин пристигнале во селото Слатино. Со нив бил и Даме Груев. Но селото било опколено од турската војска при што тие морале да се повлечат а војводата Ѓурчин бил убиен. Зимата 1904-1905 год. Сугарев по препорака на организацијата заминал за Бугарија. Со решение на оргазнизацијата на 25  август 1905 год. била составена чета од 28 борци на чело со Сугарев.  Со четата пристигнал во с. Орешје. На 15  октомври 1905 Сугарев добил вест дека Григор Соколов пристигнал во с. Стровие. Сугарев со својата чета го заобиколил селото Нежилово каде наводно се наоѓал Соколов. Но Соколов дознал дека е опколени и со својата чета се скрил во една пештера со излез кон „ Мокров“ Сугарев веднаш заминал за пештерата, но не го знаел патот и се вратил назад при што го напуштил Нежилово и заминал за Даутица. По ова заминал за битолско. Но во битолско добил писмо дека српските вооружени чети го нападнале и изгореле селото Орешје. Сугарев повторно заминал за велешко Папрадиште а оттаму заедно со четите на Алабакот и П. Константинов заминал за Орешје. Таму се одиграла битка со србоманските чети. По жестоката битка четите на организацијата се повлекле во шума.  Во пролетта 1906 год. Сугарев добил писмо дека дека требало да замине за селото Мориово бидејќи таму се јавиле грчки вооружени чети. Сугарев веднаш заминал со својата чета. На 23 ти март 1906 год. Сугарев загинал во нерамна борба со турскиот аскер во близина на село Паралазово.
Ѓорѓи Сугарев целиот свој живот го посветил на идејата за автономна Македонија во нејзините етнографски граници, приота борејќи се како против осмнаските власти, така и против србоманските и гркоманските чети. Токму заради тоа, делото на Сугарев се врежало во колективната меморија на македонскиот народ, кој го опеал и во народните песни.
 
 
 
Подготви: Дипломиран Историчар Ненад Саздовски Ѓорѓи Сугарев е еден од поистакнатите дејци  од македонското националослободително движење во Битолскиот округ. Роден е во Битола во 1876 год.

Пронајдете не на следниве мрежи: