На ДЕНЕШЕН ДЕН: 26 Февруари

2004 – Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.1531 – Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
1815 – Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло.
1848 – Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
1901 – По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
1909 – Отоманската Империја ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
1915 – Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен.
1918 – Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
1936 – Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
1984 – Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут.
1987 – Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници.
1991 – По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји.
1992 – Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
1993 – Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени.
2004 – Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
2008 – Пуштена Енциклопедијата на живиот свет.
 1531 – Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
1815 – Францускиот цар Наполеон

Пронајдете не на следниве мрежи: