На ДЕНЕШЕН ДЕН: 27 Февруари

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 280 год.­ Роден е римскиот цар Флавиј Валериј Константин, наречен Константин Велики, прв римски цар кој поткрепа побара во христијанството. На првиот вселенски собир во Никеј во 325 година пресудно влијае на сузбивањето на аријанството. Во 324 година започна со изградбата на Константинопол (Цариград), кој во 330 година го прогласи за престолнина на Царството.280.­ Роден е римскиот цар Флавиј Валериј Константин, наречен Константин Велики, прв римски цар кој поткрепа побара во христијанството. На првиот вселенски собир во Никеј во 325 година пресудно влијае на сузбивањето на аријанството. Во 324 година започна со изградбата на Константинопол (Цариград), кој во 330 година го прогласи за престолнина на Царството.
 1617.­ Меѓу Шведска и Русија е склучена спогодба за мир (Столбовски мир) со кој Шведска и ги врати на Русија Новогород, Порхов, Ладога и уште некои области.
1807.­ Роден е американскиот писател Хенри Водсворт Лонгфелоу. Дела: индијанскиот еп „Хијавата“, поемите „Евангелина“, „Поема за ропството“, сонетата „Боженствена комедија“.
 1844.­ Домениканска Република се одвои од Хаити, и стана независна држава. Во периодот од 1822 до 1844 година целиот остров беше единствена република, за тогаш да се издвои поранешниот шпански имот (Доминиканска република), од некогашниот француски Хаити. Меѓу 1861 и 1865 година Домениканска Република повторно беше под шпанска власт.
 1846.­ Роден е Франц Меринг, германски соицолог и историчар, една од водечките личности на левото крило на германската социјалдемократија и на „Сојузот на спартаковците“ и еден од основачите на КП на Германија. Од неговите дела најзначајни се „Легенда за Лесинг“, „Историја на германската социјална демократијатија“, и „Биографија на Карл Маркс“. Умре во Берлин, на 28 јануари 1919 година.
1847.­ Родена е англиската театарска глумица Елен Алиса Тери, најголем толкувач на женските улоги во делата на Вилијам Шекспир во британскиот театар во втората половина на 19. и почетокот на 20. век.
1864.­ Роден е Франи Меринг, германски социолог и историчар, една од водечките личности на левото крило на германската социјалдемократија и на „Сојузот на спартаковците“ и еден од основачите на КП на Германија. Од неговите дела најзначајни се „Легенда за Лесинг“, „Историја на германската социјалдемократија“ и „Биографија на Каркл Маркс“. Умре во Берлин, на 28 јануари 1919 година.
 1873.­ Во Неапол е роден Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите пејачи на сите времиња. Неговиот изведувачки репертоар е мошне богат. Настапуваше на повеќе оперски сцени: во Милано, Лондон, Њујорк и на други места. Автор е на книгите “Спомени” и “Методи на пеење”. Умре во Неапол, на 2 август 1921 година.
1881.­ Роден е исландскиот државник Свејн Бјернсон, прв претседател на Исланд по прогласувањето на оваа островска земја за република во 1944 година.
1887.­ Умре рускиот композитор и хемичар Александар Порфириевич Бородин, припадник на неформалната музичка група „Големите петмина“ и втемелувач на руската симфонија и камерна музика. Од деството покажа вонреден уметнички талент и интересирање за природните науки. Како момче свиреше на флејта и клавир, а подоцна и на виолончело. Дела: операта „Кнезот Игор“, симфонија бр. 2 („Багатирска симфонија“) , симфониска слика „Во средна Азија“
. 1900.­ Основана е британската Лабуристичка партија, со Ремзи Мекдоналд како секретар. 1902.­ Во Салинас, Калифорнија, во САД, е роден Џон Ернст Стејнбек, американски писател. Најголем успех постигна со романот „Плодови на гневот“ во кој го прикажа експлоатирањето и трагичното
страдање на земјоделските работници ­ безземјаши. Исто така познати се и неговите дела „Источно од рајот“, „Месечината зајде“, „Глувци и луѓе“ и други. Во 1962 година ја доби Нобеловата нагрда за литература. Умре во Њујорк, на 20 декември 1968 година.
1908.­ Во Битола, по примерот на другите градови во Македонија, е формирано работничкото просветно друштво „Класно сознание“ со задача да ги шири социјалистичките идеи меѓу работници и да раководи со нивната економска и политичка борба.
1913.­ Роден е американскиот писател Ирвин Шо. Во Втората светска војна како војник учествуваше во Европа и во Африка. Дела: „Млади лавови“, „Луси Краун“, „Две недели во друг град“, „Гласови на летниот ден“, „Богат и сиромав“.
1932.­ Родена е англиската филмска глумица Елизабет Тејлор. Дебитира во 1942 година во филмот „Леси се враќа дома“, станувајќи позната ѕвезда уште како девојче. Филмови: „Место под сонце“, „Ајванхо“, „Патека на слоновите“, „Дрво на животот“, „Џин“, „Baterfild 8“ (Оскар), „Клеопатра“, „Хотел Интернационал“, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ (Оскар), „Одсјај во златното око“, „Тајна церемонија“.
 1933.­ Во пожарот што го подметнаа нацистите изгоре зградата на парламентот (Рајхстагот) во Берлин. За палењето на Рајхстагот властите ги обвинија комунистите (беа уапсени 1.500 комунистички функционери) дека го запалиле како сигнал за востание. На судскиот процес во Лајпциг, еден од уапсените комунисти, бугарскиот револуционер Георги Димитров ги разоткри плановите и суштината на нацизмот, така што судењето се претвори во јавна осуда на нацистичкото движење.

 1936.­ Умре Иван Павлов, руски научник, лекар­физиолог. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удри темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 година ја доби Нобеловата награда за медицина и за физиологија. Роден е на 14 септември 1849 година.
 1939.­ Обединетото кралство и Франција ја признаа владата на генралот Франко, наспроти легално избраната републиканска влада која ја загуби граѓанската војна. Франциско Франко Бахамонде воведе диктатура, за подоцна да ја обнови монархијата.
1952.­ Одржана е првата седница на Обединетите нации во новото постојано седиште на светската организација во Њујорк. 1963.­ Во Домениканската Република после 33 години заврши диктатурата од страна на избраниот претседател Хуан Бош, основач и водач на Револуционерната Доминиканска Партија, кој од 1930 година живееше во бегство.
 1968.­ Долниот дом на парламентот го ограничи населувањето на „обоените“ во Велика Британија.
 1976.­ Ескимските лидери и предочија на канадската влада дека на нивниот народ му припаѓа половина милион квадратни километри од Канада.
1976.­ Во некогашната колонија „Шпанска Сахара“ која владата во Мадрид им ја предаде на управување на Мароко и Мавританија, ослободителното движење „Полисарио“ го објавни основањето на Сахарската Арапска Демократска Република, позната како Западна Сахара.
 1978.­ Египет ги прекина поволностите за Палестинците во земјата, израмнувајќи ги со останатите Арапи.
 1986.­ По соборувањето од власт, филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, долгогодишен штитеник на САД, допатува на Хаваи.
 1990.­ Нелсон Мандела допатува во Замбија, почнувајќи го патувањето во странство по 27 години поминати во јужноафриканските затвори.
 1990.­ Умре Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозовскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на “Илијада” од Хомер, “Скендербег” од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2 јули 1911 година.
 1991.­ Во Заливската војна меѓу Ирак и САД и сојузничките сили Ирак беше поразен. Ирачаните мораа да се повлечат од Кувајт, кој беше окупиран на 1 август 1990 година.
 1994.­ Во експлозија на бомба која исламски терористи ја подметнаа во маронитска црква во Либан загинаа 10 верници кои под олтарот чекаа да се причестат.
1996.­ Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2002.­ Муслиманите во државата Гуџарат во западна Индија запалија воз полн со хиндуистички верници и усмртија 58 луѓе. Тоа предизвика бран на насилства во државата во кои беа убени околу илјада луѓе.
 2003.­ Хашкиот трибунал ја осуди поранешната претседателка на Република Српска ­ Биљана Плавшиќ на 11 години затвор.

2004.­ Водачот на јапонската секта Аум Шинрикјо Шоко Асахар осуден е на смртна казна со бесење поради оранизирање напади со гас во токиско метро, девет години порано, кога беа усмртени 12 луѓе.
 2007.­ Главнот обвинител на постојаниот Меѓународен кривичен суд во Хаг Луис Морено ­ Окампо ги обелодени имињата на двајцата обвинети за злосторство во суданската регија Дарфур, поранешениот судански министер за внатрешни работи и порашениот командант на локалната полиција.
 2013.­ По кусо боледување на 80 години почина Александар Лековски, истакнат македонски диригент и композитор од првата генерација целосно едуцирани македонски музичари, кој својата уметничка дејност ја почнал на крајот од 1950­тите години, соопшти Сојузот на композиторите на Македонија. Беше постојан диригент на Операта и нејзин директор, а потоа и на Македонската филхармонија. Под негова палка се изведени голем број опери (Норма, Травијата, Љубовна напивка, Кнез Игор, Аида, Трубадур, Дон Карлос, Севилскиот бербер, Трубадур…) и оркестарски композиции. Диригирал на многу познати светски сцени, настапувајќи со врвни оркестри и солисти. Како композитор своите инспирации најчесто ги црпел од фолклорот (Македонски танци (1968), Јужни бранови (1997) Обединети (2001). За својот уметнички придонес Александар Лековски беше добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои „11 Октомври“ и „Панче Пешев” (1994).
 2013.­ На 95 ­годишна возраст умре Стефан Хесел, француски дипломат и припадник на движењето на отпорот во текот на Втората светска војна. Неговата книга–манифест „Побунете се!“, која чинеше само три евра беше продадена во околу четири милиони примероци во стотина земји на светот. Во оваа дело, напишано во 2010 година, тој ги повикува младите генерации да ја зачуваат силата на бунтот и отпорот и го означи раѓањето на „движењето на гневите“ во Европа и Америка. Хесел по потекло е полски Евреин роден во 1917 година во Берлин. Во триесеттите години на минатиот век доаѓа во Франција и во 1937 добива француско државјанство. Од 1941 е припадник на движењето на отпорот, но во 1944 е уапсен од страна на Гестапо и е испратен во концентрационен логор од каде успева да побегне. По војната тој станува француски дипломат и во тоа својство учествува во пишувањето на Универзалната повелба за човековите права на Обединетите нации. Тој е автор на повеќе книги, меѓу кои е и неговата автобиографија „Игра со векот“280.­ Роден е римскиот цар Флавиј Валериј Константин, наречен Константин Велики, прв римски цар кој поткрепа побара во христијанството. На први

Пронајдете не на следниве мрежи: