На ДЕНЕШЕН ДЕН: 28 Февруари

На Денешен Ден 28 февруари 1525.­ Последниот ацтечки цар Куаутемок по долго мачење е погубен од шпанскиот освојувач Хернан Кортес.1996.­ Британската принцеза Дајана се согласи на развод од принцот престолонаследник Чарлс.274.­ Во Наисус (денес Ниш) е роден Константин Велики, римски цар од 306 до 337 година. Тој заедно со Лициниј владееше со Источното римско царство и заедно со него го издаде Миланскиот едикт со кој се дава слобода на вероисповедта на христијаните. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почна да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година формира нова престолнина на исток ­ Константинопол (Цариград, Истанбул). Умре во 337 година.
1525.­ Последниот ацтечки цар Куаутемок по долго мачење е погубен од шпанскиот освојувач Хернан Кортес.
1533.­ Роден е Мишел Монтењ, француски ренесансен писател и филозоф­моралист. Дојде до заклучок дека човековиот разум е немоќен во барањето на вистината и правдата, но сепак човекот може и треба да наоѓа сигурни норми во приватниот и во јавниот живот. Особено се задржа на испитувањето на својата личност. Главно негово дело е “Есеи” во три тома. Умре на 13 септември 1592 година.
 1825.­ Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е одредена границата меѓу Алјаска и Канада.
 1844.­ Во текот на промовирањето на новата фрегата „Принстон“ кое на реката Потомак го приреди американската морнарица, на бродот експлодира еден од топовите, усмртувајќи го државниот секретар, заповедник на морнарицата и уште неколку функционери на владата на САД.
 1869.­ Умре Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. Со своите дела изврши големо влијание на романтизмот во Франција. Во политичкиот живот учествуваше во државниот удар на Наполеон Трети. Најпознати негови дела се “Поетски размислувања”, “Поетски и религиозни хармонии”, “Жаслен” и “Пат на исток”
1890.­ Роден е рускиот балетан и кореограф Владимир Фомич Нижински, можеби еден од најдобрите во историјата на балетот, иако неговата играчка кариера траеше само четири години, бидејќи во 1917 година заболе од неизлечлива душевна болест. Неговите креации никој не ги надмина, а скоковите во балетот „Сон за ружа“, поради невообичаената висина и убавина, влегоа во легендата како недопрен идеал.
 1908.­ Во Преспанско, во борба против турската војска, во една безизлезна ситуација, за да не падне жив во рацете на непријателот, се самоуби Петар Христов ­ Германчето, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО, активен учесник во Илинденското востание. Во 1905 година се врати во татковината и учествуваше во борбата на македонскиот народ за ослободување од турската власт. Роден е во селото Герман, Преспанско.
1909.­ Роден е англискиот писател Стивн Харолд Спендер. Дела: збирка песни „Урнатини и визии“, „Племенити денови“, романот „Заостанат син“, збирка раскази „Запалениот кактус“, есејот „Разорен елемент“, Триесеттата и потоа“, автобиографијата “Свет во светот“.
 1913.­ Роден е американскиот филмски режисер од италијанско потекло Винсенте Минели, кој во 1958 година доби Оскар за филмот „Жижи“. Филмови: „Мадам Бовари“, „Американец во Париз“, „Чај и симпатија“, „Кисмет“, „Куќа на рид“, „Ѕвоната ѕвонат“, „Град на илузија“, „Некои дотрчаа“.
 1916.­ Умре американскиот писател Хенри Џејмс, продорен психолог, кој во реалистичен манир ги прецизира и анализира обичаите, постапки и навиките на американското и на европското општество, секогаш во потрага по моралните вредности. Пред крајот на животот, во 1915 година, стана британски државјанин. Дела: романите „Родерик Хадсон“, „Американец“, „Дејзи Милер“, „Бостонци“, Амбасадори“.
 1921.­ Почна буната на морнарите на руската Балтичка флота и работници во поморската база во Кронштат на островот Котлин во Финскиот Залив против болшевичките власти. Кронштатските морнари и работници во базата западно од Петроград, кој силно ги подржаа болшевиците во 1917 година, бараа економски реформи и окончување на болшевичката политичка доминација, но болшевиците 20 дена подоцна со учество на војската крваво ја задушија Кронштатската буна.
 1922.­ Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот канал.
1934.­ Основан е Музејот на град Битола.
 1943.­ Девет норвешки командоси на германските простори за производство на тешка вода во близина на Рјукан во окупирана Норвешка во Втората светска војна извршија саботажа. 1948.­ Последните британски воени единици ја напуштија Индија.
 1953.­ Во Анкара е потпишан „Балканскиот пакт“. Југославија, Грција и Турција потпишаа спогодба за политичка, стопанска и воена соработка.
1974.­ САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи.
1975.­ Во најголемата подземна железничка несреќа во Велика Британија, 42 патници загинаа кога воз со полна брзина удри во банкините на метро­станицата „Мургејт“ во Лондон.
1981.­ Во Скопје умре Љутви Руси, прозаист од албанска националност во Македонија. Негови најзначајни дела се „Партизански приказни“, „Калење“, „Ибе Паликуќа“, „Двајца другари“, „Сомневање“, „Лиман Каба“ и „Глувонемиот“. Од македонски на албански јазик го преведе делото „Везилка“ од Блаже Конески. Роден е во Дебар, на 18 јануари 1923 година.
1986.­ Во Стокхолм е убиен Улоф Палме, шведски премиер. Роден е во Стокхолм, во 1927 година.
1992.­ Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 “сини шлемови” во Камбоџа.
 1995.­ Раул Салинас, брат на поранешниот престедател на Мексико Карлос Салинас, уапсен е под обвинение дека е вмешан во убиството на претседателскиот кандидат на владејачката Револуционерна институционална партија Луис Доналд Колоси на предизборниот митинг во Тихуана, во март 1994 година.
1996.­ Британската принцеза Дајана се согласи на развод од принцот престолонаследник Чарлс.
 1997.­ Во Иран земјотрес разори повеќе од 20 села усмртувајќи илјада лица.
2004.­ Африканските лидери постигнаа договор за формирање африкански повеќенационални сили, задолжени за интервенции во Африка заради задушење на граѓанските војни и спречување на геноцидот.
2005.­ Во самоубиствен бомбашки напад во ирачкиот град Хили, пред една болница, загинаа 125, а ранети беа 200 лица. 2006.­ Од експлозија на бомба, која ја поставија маоистички бунтовници пред камион во централната сојузна индиска држава Чатисгар, животот го загубија 55, а тешко повредени беа 20 лица.
 2007.­ Умре Артур Шлезингер, американски историчар и публицист, двапати добитник на Пулицеровата награда. Шлезингер имаше пристап во случувањата во Белата куќа во времето на Кенеди, а ги проучуваше и оставнините на Френклин Рузвелт, Ендри Џексон, Џон и Роберт Кендеди. За хрониката на Кенедиевата администрација „Илјада дена: Џон Ф. Кенеди во Белата куќа“, во 1966 година ги доби Пулицеровата и Националната книжевна награда. Автор е на повеќе од 20 дела.
274.­ Во Наисус (денес Ниш) е роден Константин Велики, римски цар од 306 до 337 година. Тој заедно со Лициниј владееше со Источното римско царс

Пронајдете не на следниве мрежи: